31.01.2019

Петгодишната неправда пред исправање: Усвојување на новиот закон за абортус веднаш и едногласно!

Невладините организации – поборници за правата на жените и за родовата еднаквост го поздравуваат усвојувањето на Предлог-законот за прекинување на бременоста од страна на Владата, во чие изготвување учествуваа и претставници и претставнички на самите граѓански организации. Уште од донесувањето на рестриктивниот закон за абортус во 2013 година, граѓанските организации, медицинската јавност и активистите укажуваа на неговата штетност по здравјето и животот на жените. Низ годините, законот беше многупати критикуван и од меѓународните тела за човекови права кои упатуваа препораки за негова итна ревизија.

Имено, постојниот закон ја спречува жената да ја добие услугата навреме, ја присилува да мине низ бременоста и пропишува високи казни за лекарите кои ја нудат оваа услуга, со што таа станува помалку достапна за жените на кои им е потребна.

Со новиот Предлог-закон на Владата, неправдата кон жените најпосле се исправува. Се бришат административните пречки (односно, задолжителното и пристрасното советување и тридневното чекање по советувањето) кои ја ограничуваа волјата на жените. Формирањето на Првостепената комисија е поместено од сегашната 12-та на 22-та гестациска недела од бременоста, со што се уважува репродуктивната слобода на жените. Се бришат и сегашните барања жените да приложуваат потврди во случаи на силување или неповолна социјална состојба; личните изјави на жените ќе бидат доволни за да здравствената установа ја даде бараната здравствена услуга. Со десеткратното намалување на казните ќе им се врати достоинството на лекарите, ќе се подобри нивниот однос кон пациентките и ќе се подобри квалитетот на услугата. Воведувањето на абортусот со апчиња (т.н. медикаментозен абортус) ќе ја олесни процедурата, а со проширување на услугата на примарно ниво, абортусот ќе стане пристапен во поголем број на градови и населени места со што ќе се намалат патните трошоци за жените и нивните семејства.

Со новиот Предлог-закон абортусот станува нераскинлив дел од пакетот на услуги за здравствена заштита. Така, наместо да пропишува и охрабрува пракса којашто ги потценува, наведува погрешно и присилува жените на одлуки спротивни на нивната волја, овој предлог-закон најпосле им гарантира квалитетна услуга и грижа и објективно информирање.

Нејсе, законот може да биде уште подобар, па затоа ние, долунаведените невладини организации, бараме во Предлог-законот да бидат вклучени и следниве наши забелешки:

  • Бремената жена која е лишена од деловна способност да има право да ги добие сите информации и да може да донесе автономна одлука дали ќе продолжи низ бременоста, а не да биде условена само од согласноста од родителот/старателот.
  • Да се намали возрасната граница од 18 на 16 години за автономно одлучување за абортус, без родителска согласност. Денес, младите во Македонија стапуваат во сексуални односи под 16 години, па затоа не постои оправданост да им се услови пристапот до абортус со родителска согласност.
  • Проширување на методите за прекинување на бременоста на примарно ниво и со други методи за кои постои медицинска оправданост, наместо ограничување само на медикаментозниот абортус. Моментално, лековите за медикаментозен абортус не се регистрирани во земјата, па новата одредба од Предлог-законот пропишува услуга која де факто не може да им се овозможи на жените во примарното здравство.

Конечно, ние, долунаведените невладини организации бараме:

  • Во најкус можен рок овој предлог-закон да влезе во собраниска процедура и да биде едногласно усвоен од пратениците и пратеничките на сите политички партии. Веруваме дека сите политичари и политичарки денес, особено оние од претходната власт, извлекоа поука од досегашното искуство дека демографски политики за раст на населението не се кројат со ограничување или забранување на абортусот, за што, впрочем, постојат и голем број научни докази и светски искуства.
  • Жените не смеат повеќе да ги трпат штетите од постојниот закон. Затоа бараме од сите пратеници и пратенички внимателно да ги разгледаат и дискутираат нашите забелешки сѐ со цел овдешниот здравствен систем да им обезбеди законски услови и на адолесцентките и на жените со одземена деловна способност да си го остварат уставно загарантираното право на здравје и да донесуваат одлуки согласно нивните потреби.
  • Токму затоа бараме во дискусиите и јавните расправи во Собранието да бидат вклучени и разни чинители, експерти и меѓународни организации сѐ со цел подобрување на текстот на Предлог-законот во интерес на здравјето на жените.

1. ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување
2. Реактор – Истражување во акција
3. Коалиција „Маргини“
4. Здружение за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска
5. Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија
6. Здружение за промоција на женската активност Тиииит! Инк. – Скопје
7. Бори се женски
8. Женска граѓанска иницијатива АНТИКО
9. Здружение женски форум
10. Здружение за еднакви можности Семпер
11. Здружение за локален рурален развој
12. Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените
13. Институтот за општествени и хуманистички науки
14. ЛезФем
15. Мрежа за заштита од дискриминација
16. Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство
17. Националниот совет за родова рамноправност
18. Организација на жени на град Скопје (ОЖС)
19. Организација на жените на општина Свети Николе
20. Организација на жените „Кумановка“
21. ТАКТ
22. Хуманитарно Здружение „Мајка“

Публикации

Кампањи

Сервиси

Работа со Х.Е.Р.А.

Анализа и предлог-модалитети: здравствената заштита за репродуктивното здравје во Македонија

Жените во Македонија, особено оние од социјално ранливите групи, се соочуваат со различен вид на бариери во обидот да се снабдат со услуги за репродуктивното здравје. Лошото репродуктивно здравје е причина за една третина од глобалното оптоварување со болест кај жените во репродуктивна возраст и една петтина од сите причини за глобалното оптоварување од болести кај општата популација.

Повеќе »

Чук, чук, извинете што пречам на часот, ССО кога ќе имаме?

Изминува уште една година без сеопфатно сексуално образование (ССО) во училиштата. Па, преку низа предновогодишни честитки испратени од Амстердам, Скопје, Естонија, Тирана и Данска, младите му порачаа на Министерството за образование и наука што сакаат да им донесе во новата 2019-та!

Повеќе »

Бесплатни услуги

ХЕРА нуди низа бесплатни, анонимни и доверливи сервиси од областа на сексуалното и репродуктивно здравје. ХИВ тестирање, гинеколошки и дерматовенеролошки прегледи, бесплатна правна помош, дистрибуција на кондоми и едукативни материјали, советување

Повеќе »

Конкурс за ангажирање на финансиски/-ка асистент/-ка

Во рамките на проектот „Отвораме можности” поддржан од Европската Комисија во рамки на ИПА Програмата за граѓанско општество и медиуми 2016-2017, ХЕРА објавува конкурс за ангажирање на финансиски/-ка асистент/–ка во Скопје, за период јуни-декември 2019 година, со можност за продолжување.

Повеќе »

Партнери


Civica Mobilitas Opstina Centar European Delegation in Macedonia UN Women Groupe SOS CFSD Embassy of the United States Skopje, Macedonia Netherlands Embassy in Skopje, Macedonia Astra Network Град Скопје The Global Fund EGAL Коалиција СЗПМЗ Коалиција хомофобија Комерцијална банка Министерство за здравство IPPF - IPPF European Network National partnerscratic Institute NDI Национален младински совет Општина Струмица Македoнска платфoрма прoтив сирoмаштијата Радио МОФ УНФПА Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ) http://psihologija.com.mk/
Copyright 2013 - HERA All rights reserved.