Извештајот на Европската комисија за 2020 година за Република Северна Македонија донесе низа коментари и препораки за напредокот на земјата во однос на човековите права, слободата на изразување, борбата против корупцијата и организираниот криминал, функционирањето на инстиуциите и реформите во администрацијата, како и во политички и економски контекст.
Поглавјето 23 дава преглед на напредокот со основните човекови права, низ призмата на пристапот до абортус, услуги за ХИВ, сексуалното и репродуктивното здравје на Ромките и семејното и родово базираното насилство. Поглавјето 19, пак, се однесува на социјалните политики и вработувањето и дава коментари и за инклузијата на Ромите и за вработувањето на Ромките во Македонија.
Анализата на коментарите содржани во Извештајот, првенствено за сексуалното и репродуктивното здравје и инклузијата на Ромите и Ромките кај нас, покажува дека иако за одредени прашања се направени мали чекори во вистински правец, генерално не се бележи ниту назадување ниту значително унапредување на сексуалните и репродуктивните права и на инклузијата на ромската популација. Ова би можело да се смени – на подобро – доколку се применат јасните препораки дадени во Извештајот.
Анализата на коментарите и препораките во Извештајот на Европската Комисија за Република Северна Македонија за 2020 година е достапна само на англиски јазик, на овој линк.