(скрининг, дијагноза и третман) за здравствени работници и соработници
ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, во соработка со МАГО – Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари го подготвија првиот стручен Водич за перименопауза, наменет за здравствени работници и соработници. Водичот нуди сеопфатни, препораки базирани на докази за скрининг, дијагноза и третман на перименопаузата, со цел да се унапреди квалитетот на здравствената грижа за жените во овој важен животен период.
Документот опфаќа широк спектар на теми, од клинички симптоми како нарушувања во менструалниот циклус, вазомоторни симптоми и промени во менталното здравје, до проценка на ризици за хронични заболувања и влијанието врз квалитетот на живот.
Водичот дава јасни насоки за клиничка проценка, дијагностички пристап и избор на соодветен третман, вклучително и хормонска и нехормонска терапија, како и препораки за промоција на здрави животни навики и превенција.
Посебен акцент е ставен на мултидисциплинарниот пристап и улогата на примарната здравствена заштита, со цел навремено препознавање на симптомите и обезбедување континуирана, интегрирана грижа за жените.
Со ова издание, се поставуваат темелите за системски и стандардизиран пристап кон перименопаузното здравје во земјата, како и за подобра информираност и поддршка на жените во овој период.
Водичот за перименопауза е достапен на следниот линк.
