Асоцијација за здравствена едукација и истражување – ХЕРА објавува оглас за вработување менаџер/-ка во Центарот за ментално здравје и работа со момчиња и мажи во Кочани, сместен во ЈУ Општа болница – Кочани, на определено време, со можност за продолжување на работниот ангажман.
Сервисите се во процес на лиценцирање и имаат за цел обезбедување сеопфатна поддршка за момчиња и мажи, како и лица кои имаат потреба од советување поради траума, родово засновано и семејно насилство и други ранливи категории.
Работниот ангажман се реализира во рамки на проектот „Трансформирање на родовите норми: Превенција на родово базирано насилство преку младински ангажман во Албанија и Северна Македонија“, финансиран од Федералното министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачи на Република Австрија.
- Опис на ангажманот
Ангажираното лице во Центарот е одговорно за:
- целокупно менаџирање на работата на Центарот;
- спроведување интервјуа со корисници со цел собирање основни информации, проценка на потребите и утврдување на соодветен начин на вклучување во програмите;
- отворање и водење досиеја за корисниците и раководење на индивидуални случаи;
- учество на тимски состаноци, супервизии и интервизии со стручниот тим;
- организирање и спроведување теренска работа и придружување на корисници до релевантни институции и услуги кога е потребно;
- соработка со граѓански организации и државни институции за упатување и поддршка на корисниците;
- учество во подготовка на наративни и програмски извештаи, како и следење на индикатори на проектот;
- внесување и анализа на податоци во електронски бази на податоци;
- администрирање и промоција на Центарот преку социјални медиуми и други комуникациски канали;
- учество во иницијативи поврзани со родово базирано насилство, ментално здравје и работа со мажи и момчиња, во координација со супервизор/-ка и програмски тим.
2. Кандидат(к)ите треба да ги исполнуваат следните услови:
- Завршено високо образование (психологија или социјална работа);
- Професионално искуство во работа со ментално здравје, родово базирано насилство или работа со ранливи групи;
- Познавање на релевантни закони, политики и програми од областа;
- Основни вештини за работа со Microsoft Office;
- Солидно познавање на англиски јазик;
- Одлични комуникациски и асертивни вештини;
- Способност за тимска работа и самоиницијативност;
- Сензибилност за работа со маргинализирани и социјално исклучени групи.
Предност ќе се смета:
- Работно искуство во граѓанскиот сектор;
- Повеќегодишно искуство во програми поврзани со родово базирано насилство и/или ментално здравје;
- Искуство во работа со момчиња и мажи и/или со ранливи групи.
3. Услови на ангажман
Работниот ангажман е со траење 20 часа неделно.
Месечниот надоместок ќе биде утврден врз основа на квалификациите и претходното работно искуство.
4. Начин на аплицирање
Заинтересираните кандидат(к)и треба да достават:
- биографија на македонски јазик;
- писмо за мотивација;
- потврда за завршено образование.
Во биографијата потребно е да се наведат референци и контакт податоци.
Документите, со назнака на пораката „Оглас за менаџер/-ка во Центарот за ментално здравје и работа со момчиња и мажи – Кочани “, да се достават на е-адресата: konkurs@hera.org.mk, најдоцна до 8 мај 2026 година, до 17:00 часот.
ХЕРА гарантира еднакви можности за сите кандидати, без дискриминација по која било основа.
Напомена
Кандидат(к)ите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат повикани на интервју, а по потреба може да се спроведе и дополнително тестирање. Нецелосни апликации нема да се разгледуваат.
ХЕРА гарантира дека сите пријавени кандидат(к)и ќе имаат исти услови при изборот, без оглед на етничката припадност, возраста, полот, родот, родовиот идентитет, сексуалната ориентација, брачниот или партнерскиот статус, бременоста или родителскиот статус, социјалниот или здравствениот статус, расата, попреченоста или која било друга основа.
