Асоцијација за здравствена едукација и истражување – ХЕРА објавува оглас за ангажирање на Координатор/-ка во заедницата во Центар за поддршка на момчиња и мажи во Младинскиот центар „Сакам да знам” во Здравствен дом Шуто Оризари, со можност за продолжување на работниот ангажман.
Работниот ангажман се реализира во рамки на проектот „Трансформирање на родовите норми: Превенција на родово базирано насилство преку младински ангажман во Албанија и Северна Македонија“, финансиран од Федералното министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачи на Република Австрија.
- Опис на ангажманот
Ангажираното лице е одговорно за:
- координација и организација на работата на Центар за поддршка на момчиња и маживо Шуто Оризари;
- координација на распоредот за давање услуги и следење на навременоста и континуитетот на советувањата/ услугите;
- ажурирање на административната документација;
- координација и комуникација со давателите на услуги (стручни лица) и организирање на нивната работа;
- организирање теренска работа и логистичка поддршка при упатување на корисниците до институции и организации;
- одржување редовна комуникација и соработка со институции, граѓански организации и други релевантни чинители;
- подготовка на административни и наративни извештаи поврзани со работењето на Центар за поддршка на момчиња и мажи;
- водење уредна административна евиденција за корисниците и реализираните услуги и следење на опфатот на сервисите;
- учество во промоција на социјалните услуги и поддршка во комуникацијата на социјалните медиуми;
- поддршка во организациски активности и иницијативи на организацијата, согласно потребите.
2. Потребни квалификации
Кандидат(к)ите треба да ги исполнуваат следните услови:
- Најмалку завршено средно образование (предност ќе имаат кандидати со образование од областа на здравство);
- основно познавање на функционирање на социјални услуги;
- мотивација за работа со ранливи категории граѓани;
- основни компјутерски вештини (MS Office);
- основно познавање на англиски јазик;
- развиени организациски и комуникациски вештини;
- способност за тимска работа, одговорност и самоиницијативност;
- сензибилизираност и почитување на различности, како и подготвеност за работа со маргинализирани и социјално исклучени групи.
За предност ќе се смета:
- претходно искуство (волонтерско или работно) во граѓански сектор или локална заедница;
- искуство во организација на активности, координација или административна поддршка;
- работа со маргинализирани заедници, особено во локален контекст;
- познавање на локалниот контекст и заедниците во Шуто Оризари;
- познавање на ромски јазик или искуство во работа со ромска заедница.
3. Работни услови
Работниот ангажман е со 20 часа неделно. Месечниот надоместок ќе биде утврден врз основа на квалификациите и претходното работно искуство.
4. Начин на аплицирање
Заинтересираните кандидат(к)и треба да достават:
- биографија на македонски јазик;
- писмо за мотивација;
- потврда за завршено образование.
Во биографијата потребно е да се наведат референци и контакт податоци.
Документите, со назнака на пораката „Оглас за координатор/-ка во заедницата во Шуто Оризари“, да се достават на е-адресата: konkurs@hera.org.mk, најдоцна до 8 мај 2026 година, до 17:00 часот.
ХЕРА гарантира дека сите пријавени кандидат(к)и ќе имаат исти услови при изборот, без оглед на етничката припадност, возраста, полот, родот, родовиот идентитет, сексуалната ориентација, брачниот или партнерскиот статус, бременоста или родителскиот статус, социјалниот или здравствениот статус, расата, попреченоста или која било друга основа.
