ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува јавен повик за прибирање на понуди од правни лица за изведба на градежно-занаетчиски работи во амбуланта во рамки на ЈЗУ Клиничка Болница „Д-р Трифун Пановски“ во Битола. Набавката се спроведува во рамки на проектот „Проширување на пристапот до медикаментозен абортус во Република Северна Македонија“, поддржан од SAAF – Safe Abortion Action Fund (Фонд за акција за безбеден абортус).
1. Предмет на набавка
Предмет на оваа набавка е изведба на градежно-занаетчиски работи во просторија во ЈЗУ КБ „Д-р Трифун Пановски“ во Битола, во рамки на проектните активности на ХЕРА, кои вклучуваат демонтажа на постоечки елементи, подготовка и уредување на под и ѕидови, како и набавка и монтажа на врата и тапети.
2. Техничка спецификација
2.1 Под
- Демонтажа на постоечки под
- Набавка и монтажа на нов поден линолеум со лајсни
- Површина: 25 m²
2.2 Ѕидови
- Демонтажа на постоечки керамички плочки
- Корекција околу инсталации
- Подготовка за глетување
- Глетување и бојадисување на ѕидови
- Димензии:
– Должина: 6,6 м
– Висина: 3,5 м
2.3 Демонтажа на опрема
- Демонтажа на стар инвертер
- Количина: 1 (паушал)
2.4 Врата
- Набавка и монтажа на врата
- Количина: 1 парче
2.5 Тапети
- Набавка и монтажа на тапети
- Површина: 23,1 m²
3. Општи барања
Изведувачот е должен да:
- Обезбеди целосна демонтажа и отстранување на отпад
- Обезбеди сите материјали, алати и опрема
- Гарантира квалитетна изведба согласно важечки стандарди
- Изврши финално чистење на просторот
- Почитува рокови за изведба
4. Напомена
Сите количини се индикативни и изведувачот е должен да изврши увид на лице место пред доставување на понуда.
5. Критериуми за учество и утврдување способност на понудувачите
Право да достави понуда има секое заинтересирано домашно правно лице – понудувач кое е регистрирано за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за набавка.
6. Место на изведување на активноста
Ангажманот и сите обврски што произлегуваат од него ќе се спроведуваат во амбуланта во рамки на ЈЗУ КБ „Д-р Трифун Пановски“ во Битола.
7. Начин на плаќање
Плаќањето ќе се изврши по целосната реализација на обврските што произлегуваат од предметот на договорот за набавка, по доставена фактура.
8. Краен рок за изведба на градежно-занаетчиските работи
Оваа активност понудувачот е должен да ја спроведе во периодот од 05.05.2026 најдоцна до 25.05.2026 година.
9. Документација што треба да се достави:
Понудувачите треба да достават:
- Целосна финансиска понуда, согласно наведената техничка спецификација во повикот
- ДРД образец
- Тековна состојба
10. Критериум за избор
Договорот ќе биде доделен на понудувачот кој ќе понуди најниска цена, под услов понудата целосно да ги исполнува техничките барања.
11. Рок за доставување на понуди
Краен рок за доставување на понуди: 01.05.2026
Понудите доставени по истекот на рокот нема да бидат разгледувани.
Понудите треба да се достават на: konkurs@hera.org.mk, со следнава назнака: Понуда за изведба на градежно-занаетчиски работи
12. Дополнителни информации
ХЕРА го задржува правото:
- да побара дополнителни појаснувања од понудувачите;
- да не избере ниту една понуда доколку истите не ги исполнуваат условите од повикот;
- да ја поништи постапката без обврска за избор на понудувач.
