Елизабета Божиноска

Елизабета Божиноска

Елизабета Божиноска

Елизабета Божиноска дипломира на Институтот за социјална работа и политика на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Работата во ХЕРА ја започнува во 2005 година во рамките на Советувалиштето за психо-социјална поддршка на лицата што живеат со ХИВ, а од 2007 година работи како програмска координаторка за ХИВ во Извршната канцеларија на ХЕРА.

Одговорна е за планирање, спроведување и мониторинг на проекти од областа на ХИВ со посебен фокус на доброволно советување и тестирање за ХИВ, застапување за унапредување на ХИВ превенцијата  и  пристапот до здравствени и социјални услуги на лицата што живеат со ХИВ.

Активно е вклучена и во застапување за социјална инклузија, првенствено за родово-базирано насилство и сексуално и репродуктивно здравје и права кај девојки и жени Ромки. Има долгогодишно искуство во истражувачка дејност во областите ХИВ, сексуално и репродуктивно здравје кај социјално исклучени лица, како и родовата еднаквост.

Од 2011 година е член во Групата за стратегии за инклузија во Европската Унија во рамки на Европската мрежа против сиромаштија.