НЕГА ПЛУС

„Нега Плус“ e социјално претпријатие, односно професионален сервис за грижа и нега на стари и изнемоштени лица во домашни услови, основано во рамките на ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување. Ова претпријатие се разликува од традиционалната форма на претпријатија по тоа што е водено првенствено од својата социјална мисија, а тоа е да се подобри економската и лична благосостојба на жените Ромки кои се социјално и економски маргинализирани на територијата на град Скопје. Идејата за основање  социјално претпријатие со ваква дејност произлезе од самите жени Ромки. Тие по препознавањето на сопствените лични капацитети и предности, изразија спремност за нивно надградување и јакнење преку лиценцираната Програма за палијативна грижа и нега од страна на Министерството за образование и започнување на професионален ангажман во претпријатието. Така го изградивме „Нега Плус“ како професионален сервис со сертифициран кадар, со воспоставен систем за контрола на квалитет на испорака на услугите и со флексибилни пакет услуги кои ги прилагодувате според вашите потреби и примања.

Стареењето е неминовен животен процес кај секој човек и токму затоа го создадовме „Нега Плус“, да овозможи квалитетна и достоинственa зрела доба. „Нега Плус“врши поврзување на две категории  луѓе кои имаат потреба од меѓусебна помош и поддршка. Имено, користејќи ги услугите на „Нега Плус“ вие добивате професионална грижа и тоа во вашите домови, а истовремено ја подобрувате економската и личната благосостојба на жените Ромки.

„Нега Плус“ официјално започна со давање на своите услуги на крајот на 2017 година и до денес има услужено преку 50 семејства.  Во целиот овој период се создадени голем број  нови пријателства помеѓу давателите на услуги и корисниците на истите. Ваквиот начин на меѓусебна почит, доверба и разбирање се најзначајните признанија за работата која ја вршиме.

Повеќе информации за услугите на „Нега Плус“ можете да добиете на телефонскиот број 070 299 026 или на https://www.facebook.com/negaplus/