Стратешка цел: Да се одржи ниска преваленца на ХИВ и обезбеди целосна заштита на лицата што живеат со ХИВ или се засегнати од ХИВ
Тековни активности:
- Обезбедување услуги за добролно и доверливо советување и ХИВ тестирање (ДСТ) помеѓу преку две мобилни единици во 11 градови низ Македонија во партнерство со 13 здруженија на граѓани и 9 здравствени институции во државата за ранливи и тешкодостапни групи (млада популација, мажи кои имаат секс со мажи, лица кои инјектираат дрога, сексуални работници, затвореници и останати популации кои имаат потреба од оваа услуга).
- Спроведување на годишни кампањи за зголемување на свеста за ХИВ тестирање на населението во Македонија.
- Спроведување на обуки за градење на капацитетите на здруженијата на граѓани, здравствените институции, образовните и социјалните институции, носителите на одлуки на локално и национално ниво за превенција од ХИВ, ХИВ тестирање и советување, поврзување на Сексуално и репродуктивното здравје и права и ХИВ.
- Спроведување на проценки и истражувања помеѓу вулнерабилни групи и групи од особен ризик од ХИВ и лица што живеат со ХИВ.
- Активно учество во изготвување, спроведување и следење на политики, програми и сервиси за ХИВ на национално ниво.
Резултати:
- Две оперативни мобилни клиники за бесплатно и брзо тестирање за ХИВ и Хепатитис Ц во 11 града (линк брошура и налепница за ХИВ тестирање)
- Акредитирани 57 лица од 14 здруженија на граѓани за работат како советувачи за доброволно и доверливо советување и ХИВ тестирање
- Околу 58% до 65% од вкупниот број на ХИВ тестови на годишно ниво направени во 14 центри за ДСТ, се прават во рамките на мобилните клиники на ХЕРА
- Изготвен Прирачник за доброволно советување и ХИВ тестирање
- Спроведени 6 годишни кампањи со слоганот „Некои работи стануваат секојдневие направи ХИВ тест” за подигнување на свеста за ХИВ тестирањето помеѓу населението во Македонија
- Спроведена првата Проценка на потребите на лицата што живеат со ХИВ во Република Македонија во 2009 година.
- Во мај 2012 беше формирана Првата меѓупартиска парламентарна група за ХИВ чија што цел е унапредување на состојбите на ХИВ и сексуалното и репродуктивното здравје. Во групата членуваат вкупно 10 пратеници од 6 политички партии од Собранието на Република Македонија и на 23. мај 2012 групата стана членка на Европскиот парламентарен форум за население и развој.
Партнери:
- Глобален фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија
- 13 здруженија на граѓани од 11 градови (ЕГАЛ, Доверба, ХОПС, ВИА ВИТА, Избор, Опција Охрид, Црвен крст Прилеп, Црвен крст Велес, Зона Кавадарци, Младински клуб, Пулс, Центар за развој за унапредување и развој на јавниот живот, ХЕЛП.
- Институт за јавно здравје и 8 центри за јавно здравје центар ( Куманово, Прилеп, Охрид, Битола, Гостивар, Велес, Тетово и Штип ).
- Национален демократски институт (НДИ)
- Канцеларија на здружена програма за СИДА на Обединетите нации ( УНАИДС)
- Меѓународна федерација за родителско планираење (МФПР)
Одговорно лице: Елизабета Божиноска