Социјалната кохезија мора да се препознае како важен дел од безбедносната инфраструктура. Политичката поларизација, недовербата во институциите, анти-родовите и анти-демократски наративи, дезинформациите и исклучувањето на одредени заедници ја ослабуваат демократијата и ја зголемуваат ранливоста на општествата.
Во таа насока неопходна е посилна соработка во регионот преку заеднички механизми за рано предупредување и следење на антидемократските наративи, институционална размена, поголемо вклучување на младите и локалните заедници и развивање позитивна јавна комуникација заснована врз демократските вредности.
Документот е резултат на вебинарот „Односите меѓу Косово и Северна Македонија, демократската отпорност и социјалната кохезија“, организиран од Косовскиот центар за безбедносни студии (KCSS) и ХЕРА на 19 август 2026 година, со поддршка од Rockefeller Brothers Fund.
Документот е достапен на англиски јазик на следниот линк.
