„Не суди кој кого љуби!“ е мотото на националната кампања против насилство и дискриминација на ЛГБТИ луѓето, прва во Македонија во која учествуваат и пратеници – овојпат од различни политички партии, членови на Интерпартиската парламентарна група за унапредување на ЛГБТИ правата.
Преку трите видеа кои ќе се прикажуваат на три национални телевизии сакаме да ја зголемиме јавната свест за проблемот со насилството засновано на сексуалната ориентација и родовиот идентитет и да влијаеме на намалување на предрасудите кон ЛГБТИ луѓето, кои доведуваат до прекршување на нивните права, а често ескалираат во физичко насилство. Видеата се достапни на следните линкови: видео 1, видео 2, видео 3.
Кампањата ја спроведуваме заедно со Коалицијата Маргини и ЛГБТИ центарот за поддршка при Хелсиншкиот комитет за човекови права, со поддршка на Интерпартиската парламентарна група, во рамки на проектот „Собранието и локалните самоуправи во унапредувањето на правата на ЛГБТ“ кој е финансиски поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија во Македонија.