Родово заснованото и домашното насилство се меѓу најгорливите проблеми кај нас и дел од секојдневието на многу граѓанки и граѓани. Како потписничка на Истанбулската конвенција, нашата земја има обврска ефективно да се справи со оваа состојба; едно од клучните решенија е да обезбеди основни финансиски средства и стандарди за подобрување на достапноста кон специјализираните сервиси за жртвите на овие видови насилство.
Токму затоа, ХЕРА, во рамки на Регионалната програма на ЕУ и UN Women „Спречување на насилството врз жените и девојките во Западен Балкан и Турција: Имплементирање на норми – промена на ставови“, направи анализа на потребните ресурси и мерки кои треба да ги преземат соодветните министерства за да се обезбеди ефикасно функционирање на специјализираните сервиси за заштита од родово засновано насилство согласно стандардите на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилство врз жените, вклучувајќи го и семејното насилство, и Акцискиот план за нејзино спроведување (2018-2023).
Анализата е достапна на македонски јазик на следниот линк.