Пред вас е нашиот годишен извештај за 2018 година – извештај кој потврдува дека изминатата е досега една од најуспешните години за сексуалните и репродуктивните права за граѓаните во Македонија во последната деценија. И тоа, првенствено поради партнерството меѓу државните институции и граѓанскиот сектор што се зацврстуваше во текот на годината.
Од низата победи во застапувањето за сексуалното и репродуктивно здравје и за репродуктивните права тука ги издвојуваме усвојувањето на новиот Закон за прекинување на бременоста, кој ги брише сите административни пречки на патот до безбедно и достоинствено прекинување на бременоста, одобрувањето на првиот Акциски план за сексуално и репродуктивно здравје кој ќе овозможи подобра имплементација на Националната стратегија (2010 – 2020), обезбедувањето финансиски средства преку превентивната програма за ХИВ и одобрената иницијатива на ХЕРА и на Бирото за развој на образованието за пилотирање на програма за сеопфатно сексуално образование во основните училишта.
За останатите успеси во 2018 година, како и за битките што продолжуваме да ги водиме, прочитајте во извештајот кој е достапен на македонски и англиски јазик.