На второто издание на SexEd зборувавме за магијата на задоволството, разноликоста и филозофијата на врските – со себе и другите. Јавно отворивме многу скокотливи теми и скршивме цел куп табуа во само една вечер. SexEd 2.0 е едукативно и инспиративно патување за сите сетила, а сега во него можете да уживате и вие преку раскажувачките моќи на нашите говорници.
Ако доволно ве заинтригиравме, погледнете го видеозаписот, а за да видите како си поминавме на настанот низ фотографии, посетете ја нашата галерија.
Едвај чекаме да се дружиме на SexEd 3.0!