04.10.2018

Весник на жените од Шуто Оризари бр. 2

Настојувајќи да им ги доближи актуелните предизвици околу репродуктивното здравје и права на Ромките првенствено на надлежните институции, но и да ги поттикне да преземат мерки за нивно унапредување, Иницијативата на жени од Шуто Оризари го издаде вториот број на Весникот на жени од Шуто Оризари.

Посебно место во овој број има малолетничката бременост која овојпат се разгледува низ призмата на психолог кој работи токму на оваа тема во младинскиот центар „Сакам да знам“ во Шуто Оризари. На оваа тема, како и на приоритетите на локалната власт се осврнува Претседателката на Советот на Општина Шуто Оризари во интервјуто за Весникот кој, меѓу другото, ги донесува и личните приказни на дел од параправничките и теренските работнички на Иницијативата на жени од Шуто Оризари.

Вториот број на Весникот на жени од Шуто Оризари е достапен на македонски јазик на овој линк. Доколку сакате да добиете подобра слика за репродуктивното здравје и права на Ромките, пролистајте го и првиот број.

Публикации

Кампањи

Сервиси

Работа со Х.Е.Р.А.

ХИВ: Колку прашања, толку одговори

Во рамки на Европската недела на ХИВ, која се одржа од 23 до 30 ноември 2018 година под мотото „Тестирај. Лекувај. Превенирај“,  ХЕРА ја подготви и брошурата „Прашања и одговори за ХИВ“ која ги дава одговорите на најчестите прашања поврзани со ХИВ.

Повеќе »

Чук, чук, извинете што пречам на часот, ССО кога ќе имаме?

Изминува уште една година без сеопфатно сексуално образование (ССО) во училиштата. Па, преку низа предновогодишни честитки испратени од Амстердам, Скопје, Естонија, Тирана и Данска, младите му порачаа на Министерството за образование и наука што сакаат да им донесе во новата 2019-та!

Повеќе »

Бесплатни услуги

ХЕРА нуди низа бесплатни, анонимни и доверливи сервиси од областа на сексуалното и репродуктивно здравје. ХИВ тестирање, гинеколошки и дерматовенеролошки прегледи, бесплатна правна помош, дистрибуција на кондоми и едукативни материјали, советување

Повеќе »

Конкурс за вработување асистент/ка на проект на определено време

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува конкурс за вработување на определено време за позицијата асистент/ка на проект за потребите на проектот „Зголемување на националните капацитети за креирање и имплементирање на политики за сексуално и репродуктивно здравје на принцип на човекови права, вклучително во хуманитарни и кризни состојби”, поддржан од Фондот за население на Организацијата на Обединетите Нации (УНФПА).

Повеќе »

Партнери


Civica Mobilitas Opstina Centar European Delegation in Macedonia UN Women Groupe SOS CFSD Embassy of the United States Skopje, Macedonia Netherlands Embassy in Skopje, Macedonia Astra Network Град Скопје The Global Fund EGAL Коалиција СЗПМЗ Коалиција хомофобија Комерцијална банка Министерство за здравство IPPF - IPPF European Network National partnerscratic Institute NDI Национален младински совет Општина Струмица Македoнска платфoрма прoтив сирoмаштијата Радио МОФ УНФПА Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ) http://psihologija.com.mk/
Copyright 2013 - HERA All rights reserved.