Анализирајќи ги законските одредби, политиките и културолошкиот контекст, расположливоста и достапноста на услуги, како и вклученоста и правата, ова свидетелство на концизен начин ја претставува моменталната состојба со ХИВ-превенцијата и ХИВ-сервисите за геј мажи и други мажи кои имаат секс со мажи во Македонија и има цел да ги поддржи напорите за зголемување и подобрување на програмите, политиките и буџетирањето во полето на ХИВ превенцијата. Следењето на состојбата е исклучително важно ако се земе предвид дека геј мажите и другите мажи кои имаат секс со мажи не само што се непропорционално погодени од ХИВ, туку честопати се и најмаргинализираните и најдискриминираните во општеството поради постоење на закони кои го криминализираат нивното однесување, што пак им оневозможува да си ги остваруваат своите човекови права, вклучувајќи го и правото на пристап до здравствени услуги.
Анализата е достапна на македонски и англиски јазик.