06.12.2016

Повик за учество на обука од областа на Сеопфатно сексуално образование

ХЕРА во рамките на својата програма за неформално сеопфатно сексуално образование (ССО) објавува повик за учество на обука од областа на ССО

 

Обуката опфаќа:

  • Дводневна работилница за запознавање со седумте компоненти на ССО и тоа: род, сексуално и репродуктивно здравје, граѓански аспекти, задоволство, насилство, врски и односи и различност.
  • Обуката исто така ви носи можност по нејзиното поминување да станете дел од тимот на волонтери ХЕРАМлади.

 

Обуката ќе се одржи на 17 и 18 Декември 2016 година во Скопје од 09 до 18 часот. Учесниците кои ќе ја поминат ќе добијат сертификат. Обуката е бесплатна, сите трошоци, освен за пат и сместување, ќе бидат покриени од страна на ХЕРА.

 

Ги покануваме сите млади кои:

  • се на возраст од 17 до 22 години
  • сакаат да добијат информации од полето на сексуалното и репродуктивно здравје и права
  • се мотивирани да бидат волонтери во ХЕРА
  • сакаат да работат во тим, знаат да исполнуваат задачи навреме

Заинтересираните најдоцна до 14-ти декември 2016 треба да испратат:

  • Писмо во кое ќе ја изразат својата мотивација зошто сакаат да бидат дел од оваа обука (најмногу 500 зборови)

Ве молиме наведете телефон за контакт и e-mail адреса.

Документите со назнака/предмет на пораката повик за обука од областа на ССО можете да ги доставите по електронска пошта: seksualnoobrazovanie@hera.org.mk

 

sso-obuka-dekemvri-povik

Публикации

Кампањи

Сервиси

Работа со Х.Е.Р.А.

Истражување „Документирање на ефектот што регресивното македонско законодавство и ограничувачките политики за абортус го имаат врз човековите права: клучни наоди и препораки“

„Документирање на ефектот што регресивното македонско законодавство и ограничувачките политики за абортус го имаат врз човековите права: клучни наоди и препораки“ ги истражува ефектот и последиците од донесувањето на постојниот Закон за прекинување на бременоста во 2013 година, со кој се воведоа ограничувачки законски одредби и се отежна пристапот до безбеден и легален абортус во Македонија. Негативниот ефект на постојната законска регулатива […]

Повеќе »

Отворен ден ХЕРАМлади

ХЕРАМлади организираат отворен ден за сите оние кои сакаат да им се придружат! Ако си активист, ако си млад од 17-21 година, ако сакаш да дознаеш повеќе за сексуално и репродуктивно здравје, ако сакаш и твоите врсници да знаат повеќе, придружи ни се на отворениот ден и дознај повеќе! Сакаш да го искористиш твоето време за нешто различно од досегашното […]

Повеќе »

Бесплатни услуги

ХЕРА нуди низа бесплатни, анонимни и доверливи сервиси од областа на сексуалното и репродуктивно здравје. ХИВ тестирање, гинеколошки и дерматовенеролошки прегледи, бесплатна правна помош, дистрибуција на кондоми и едукативни материјали, советување

Повеќе »

Конкурс за координатор/ка за млади

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува конкурс за вработување на определено време за:  координатор/ка за млади Кандидатите/ките треба да ги исполнуваат следните услови:   Општи квалификации: Завршено високо образование Искуство во имплементација на проектни активности за унапредување на сексуалното и репродуктивното здравје Државјанство на Република Македонија Напредни вештини за информатичка технологија (Microsoft office, World press, платформи за […]

Повеќе »

Партнери


Civica Mobilitas Opstina Centar European Delegation in Macedonia Groupe SOS CFSD Embassy of the United States Skopje, Macedonia http://macedonia.nlembassy.org/ Astra Network Град Скопје The Global Fund EGAL Коалиција СЗПМЗ Коалиција хомофобија Комерцијална банка Министерство за здравство IPPF - IPPF European Network National partnerscratic Institute NDI Национален младински совет Општина Струмица Македoнска платфoрма прoтив сирoмаштијата Радио МОФ УНФПА Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ) Center for Institutional Development - CIRa http://psihologija.com.mk/
Copyright 2013 - H.E.R.A. All rights reserved.