КОВИД-19 е сериозно заболување и секој од нас треба да настојува да го сведе на минимум ризикот од пренос и ширење на вирусот. Најдобрата заштита е редовното миење на рацете со сапун и вода, избегнувањето на контакт со секој кој има настинка и кашлица и, секако, самоизолацијата во случај на симптоми.
Во време на КОВИД-19, бремените жени се сметаат за поранлива категорија поради нивната општа состојба, иако истражувањата не покажуваат дека се поподложни на вирусот или дека се во поголем ризик да развијат сериозни симптоми.
Информацијата значи здравје, па токму затоа изработивме брошура со совети за бремените жени во врска со социјалното дистанцирање, хигиената, здравите навики и лекарските прегледи.
Брошурата е достапна на македонски и албански јазик.