Колку поретко се зборува, толку почесто се случува. И обратно! Токму затоа, третото издание на SexEd му го посветивме на насилството – семејното, сексуалното, врсничкото, родово базираното, со наслов „Не си сама“.
За поретко да се случува, мора почесто да се зборува! Годинава, зборувавме за секстингот, за (не)прифатливото сексуално однесување и за соодветните реакции, за важноста на образованието и за насилните искуства на младите, за смелоста да се реагира – дури и на музички фестивали, ама и за (работата со) сторителите на насилство. #КажиНе за насилството врз жените и девојчињата