Табу темите нема сами да се срушат! Инспирирани од концептот на TED, а по повод 28 септември – Меѓународниот ден за безбеден и легален абортус, решивме да ги отвориме овие теми јавно и гласно, пред публика, со озвучување. Замисливме едукативно-инспиративен настан за сексуалноста и сексуалните права и го нарековме SexEd! Зошто? Зашто за да престанеме да се лажеме, прво треба да почнеме да зборуваме!
Во фокусот на првото издание ни се правото на избор и сеопфатното сексуално образование – локално и глобално – а на сцена имаме 7 говорнички и говорници со приказни што ежат и охрабруваат!
Еве како изгледаше првиот SexEd кај нас, а еве и како звучеше:
Даниела Драгичи – „Како останав бремена и по абортусот: Извадок од моето комунистичко минато во Романија“
Мирјана Најчевска – „Наметнувањето бременост и раѓање е тортура“
Кетрин Форд – „Од 33 на 66 и зошто поминаа 55“
Нил Дата – „Како функционира ултраконзервативната контраофанзива?“
Дороти Бракен – „Сеопфатно сексуално образование: Што не ви кажуваат?“
Снежана Матовска – „Секое прашање заслужува одговор“
Виктор Дамјановски – „Прашањата што децата не ги поставуваат дома“
Се гледаме на SexEd 2.0!