Одржувањето на сексуалното и репродуктивното здравје на жените има големо влијание врз нивната општа здравствена состојба. Тоа претставува предуслов при донесувањето животни избори и одлуки, вклучувајќи ја и одлуката дали и кога да се имаат деца. За остварување на оваа цел потребни се здравствени услуги кои се инклузивни и безбедни, пристап до точни информации, ефикасен и достапен метод на контрацепција, како и достапност на навремени услуги и поддршка во случај на непланирана бременост.
Изработивме брошура и флаер преку кои може да дознаете повеќе за улогата на семејниот лекар во грижата за вашето сексуално и репродуктивно здравје, како и во кои градови можете да ги користите овие здравствени услуги од семеен лекар.
Флаерот е достапен на македонски, албански и на ромски јазик.
Брошурата, исто така, е достапна на македонски, албански и на ромски јазик. Во печатена верзија, достапна е на Брајово писмо. Доколку имате потреба од оваа верзија, контактирајте нè на hera@hera.org.mk.