Од 17 до 24 мај ја одбележуваме пролетната Европска недела на тестирање под мотото „Тестирај. Лекувај. Превенирај“. Зошто? Затоа што сексуалниот однос треба да биде причина за уживање, не за инфекции! А тестирањето за сексуално преносливи инфекции – дел од грижата за сопственото здравје!
Граѓаните можат бесплатно и доверливо да се тестираат за ХИВ и за други сексуално преносливи инфекции во нашите младински центри „Сакам да знам“ на Водно и во Шуто Оризари. За подетални информации, можат да се јават на телефонските броеви 02/3176 950 и (02) 2651 955 соодветно.
Повеќе информации за ХИВ и за најблиските локации каде што може да се направи ХИВ-тест се достапни и преку мобилната андроид апликација Направи ХИВ тест, која може бесплатно да се преземе на Google Play.