1.Што сме постигнале досега:
- Спроведена е анализа за потребите на наставниците, родителите и учениците и за постојните содржини во наставните програми за сексуално и репродуктивно здравје (СРЗ)
- Спроведена е анализа за тоа колку младите можат да научат за СРЗ во училиштата
- Со клучните одговорни институции изготвена е Рамка за сеопфатно сексуално образование (ССО)
- 48 граѓански здруженија потпишаа петиција до Министерот за образование и наука за воведување на ССО
- Спроведена е обука заедно со организацијата Рутгерс од Утрехт, Холандија на професори од различни катедри на Филозофскиот факултет за сеопфатно сексуално образование
- Од професорите на Филозофски факултет е изработена збирка на текстови за сексуалноста, Аспекти на сексуалност и сексуално образование
- Изработен е Прирачник за наставници од основните училишта
- Ревидирана е интерната програма за ССО користејќи алатка на МФПР и УНЕСКО
- Изработен е Прирачник за врснички едукатори
- ХЕРА има 20 акредитирани едукатори кои во 2015-16 организираа сеопфатно сексуално образование за 200 ученици од скопските средни училишта
- Евалуацијата на ССО укажува дека големината на ефектот е висока, што индицира дека кај учениците настанала промена на ставовите и нивото на информираност.
- Комисијата за еднакви можности на мажите и жените од Собранието на РМ во неколку наврати препорача воведување на ССО
- 4 актуелни национални стратегии усвоени од владата на РМ препорачуваат воведување на ССО
2.Партнери
- Меѓународна федерација за планирано родителство
- Филозофски факултет, Скопје Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
- Младинска платформа за ССО во која покрај ХЕРА членуваат: НМСМ, ЈЕФ, ХОПС, МОФ, Y-PEER, Младите можат, Сенки и облаци и Излез.
3. Лицa за контакт
Мери Цветковска
meri.cvetkovska@hera.org.mk