Поаѓајќи од досегашните истражувања и проценки според кои недоволната информираност и подготвеност на младите со знаења и вештини за сексуално и репродуктивно здравје се клучни за нивното ризично однесување, ХЕРА реши да ги истражи можностите за информирање на младите во рамки на училишниот воспитно-образовен процес.
Истражувањето опфати средношколци и наставници кои предаваат наставни предмети релевантни за репродуктивното здравје и неговата заштита, како и претставници од стручните служби во училиштата.
Резултатите укажуваат дека голем број на теми се малку или воопшто обработени, а меѓу нив се и првиот сексуален однос, употребата на контрацепција, заштитата од сексуална злоупотреба и хетеросексуалните, хомосексуалните и бисексуалните односи.
Преземете ја публикацијата [мк] [shq]