Програмата „Жената во мене“ ќе се реализира во заедничка соработка на Х.Е.Р.А, Мобилноста предизвик и Центарот за Истражување на Жените со попреченост од Хјустон, Тексас. Истата е дел од проектот “Партнерства за Зајакнување”, поддржан од Стејт Департментот на САД, во организација на Mobility International USA (MIUSA). Целта на програмата „Жената во мене“ е да се подигне свеста за сексуалните права и да се подобри пристапот до соодветни сервиси за сексуално и репродуктивно здравје на жените со попреченост. Во таа насока се спроведува истражување, чии резултати ќе бидат од есенцијално значење во процесот на реализирање на проектот.
Ве молиме да одвоите неколку минути од Вашето време и да одговорите на прашалникот на тема “Репродуктивно здравје на жените со попреченост”.
Овој прашалник е целосно анонимен и доверлив!
За да го пополните прашалникот, Ве молиме кликнете на следниот линк: https://www.surveymonkey.com/s/59YN7GT
За повеќе информации околу програмата “Жената во Мене”, Ве молиме да не контактирате во Мобилноста предизвик на 077 713 029 или во Х.Е.Р.А на 070 813 163.
Ве молиме да го препратите овој линк на ваши пријателки кои се жени со попреченост, како би можеле и тие да го пополнат прашалникот.