ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, продолжува да го промовира социјалното претприемништво како можност за развој на социјалната економија. Поттикнати од големиот интерес за социјалното претприемништво организираме ФОРУМ НА СОЦИЈАЛНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА од Северна Македонија.
Очекуваме преку настанот да се иницира меѓусебна соработка, информирање на пошироката јавност за социјалното претприемништво, застапување кон локалната самоуправа за создавање социјални сервиси за граѓаните, кои ќе бидат дадени од страна на социјални претпријатија, како и поврзување на социјалните претпријатија со бизнис-заедницата.
Затоа ги повикуваме сите социјални претпријатија што сакаат да ја промовираат својата социјална мисија да се пријават за учество на настанот тука.
За секое претпријатие ќе се обезбеди простор за поставување штанд за изложување материјали, продукти, услуги и сервиси што ги нуди. Бројот е ограничен на најмногу 15 социјални претпријатија.
Краен рок за пријавување е 27.11.2019 г.