ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува конкурс за ангажирање консултант/истражувачка агенција за спроведување на Истражување на јавното мислење меѓу родители за сеопфатното сексуално образование (ССО).
Во рамки на истражувањето е предвидено да се направи испитување на перцепциите, мислењата и ставовите на родителите за воведувањето на сеопфатно сексуално образование (ССО) во образовниот систем во Република Северна Македонија.
Повикот е отворен за физички и правни лица.
АНГАЖМАНОТ ОПФАЌА:
Цел и очекувани резултати:
- Да се добие подобра слика за мислењата и ставовите на родителите кои имаат деца вклучени во образовниот систем за ССО
ОЧЕКУВАНИ ПРОДУКТИ
- Изработка на методологија и дизајн на истражувањето
- Спроведување на истражување на репрезентативен примерок
- Анализа и презентација на првични наоди од истражувањето пред организацијата
- Подготовка на извештај за наодите од истражувањето
ВРЕМЕНСКА РАМКА:
Ангажманот предвидува 25 консултантски денови, со краен датум на завршување 31 јули 2019 година.
ПРОФИЛ И КВАЛИФИКАЦИИ НА КОНСУЛТАНТОТ/АГЕНЦИЈАТА:
Консултантот/агенцијата треба да има знаење и искуство во спроведувањето на овој тип на активности за што треба да приложи соодветни докази. Консултантот/тимот од консултанти/физичкото лице(а) номинирано(и) од правното лице треба да ги исполнува(ат) следните услови:
- Истражувач со 5-годишно искуство како методолог и како главен истражувач во спроведување истражувања на јавното мислење, за што ќе треба да достави и доказ/портфолио
- Во својата биографија да посочи/ат на искуства со работа во граѓанскиот сектор во Република Северна Македонија и познавање на човековите права, сексуалното и репродуктивно здравје и права, правата и потребите на лицата од маргинализираните групи
- Доколку аплицира тим на истражувачи и консултанти, да се наведат улогите на лидерот и на останатите членови на истражувачкиот тим
- Способности за планирање и организација
- Течно говорење и пишување на македонскиот јазик
- Насоченост кон навремено исполнување на зададените задачи
- Државјанство на Република Северна Македонија
АПЛИКАЦИЈА:
На повикот може да се пријават физички или правни лица, како поединци и/или како тим.
Заинтересираните, најдоцна до 6 јуни 2019 година, потребно е да достават:
- Предлог-методологија и алатки за спроведување на истражувањето
- Предлог-акциоски план за спроведување на истражувањето (по активности и денови)
- Предлог-буџет според акциоскиот план
- Професионална биографија со вклучени референци за секој од консултантите
- Портфолио/список на клиенти/организации за кои е спроведени истиот тип на активност
Документите со назнака/предмет на пораката Повик за консултант за истражување на јавното мислење може да ги доставите на следниот начин:
Електронски: | konkurs@hera.org.mk |
По пошта: | ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување ул. Франклин Рузвелт 51а/26, 1000 Скопје |
Лицата кои нема да ги достават бараните документи или кои ќе ги достават по истекот на рокот, нема да бидат земени предвид при разгледувањето на пријавите. Лицата коишто аплицирале, ќе бидат известени за резултатите од повикот, по електронски пат, најдоцна 15 дена по затворањето на повикот.