Проект: Учество на пратениците во националниот одговор на ХИВ
Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување – Х.Е.Р.А. во периодот од ноември 2013 до септември 2014 го спроведува третиот циклус од иницијативата за парламентарно застапување под наслов „Активно учество на пратениците во националниот одговор на ХИВ“. Во рамките на оваа иницијатива е предвидено истражување на потребите на лицата што живеат со ХИВ во Македонија со цел да се обезбедат релевантни податоци што ќе послужат за аргументирано застапување од страна на граѓанскиот сектор, како и од страна на пратениците во врска со правата и потребите на лицата што живеат со ХИВ. Иницијативата е поддржана од страна на Националниот демократски институт, а финансирана од Националната фондација за демократија.
- Цели на истражувањето:
– Да се измери нивото на стигма и дискриминација кон лицата што живеат со ХИВ во различните сфери од општественото живеење, како и нивото на авто-стигма
– Да се идентификуваат главните предизвици со кои се соочуваат лицата со ХИВ при обелоденување на статусот во пристапот до услуги за третман, сексуално и репродуктивно здравје и останати здравствени услуги, пристапот до социјална и правна поддршка и заштита, како и на работното место.
– Да се направи проценка на потребите на лицата што живеат со ХИВ во Република Македонија поврзани со здравствените и социјалните услуги и останати услуги за поддршка
– Да се измерат промените во трендот на стигмата и дискриминација во споредба со проценката на потребите на лицата со ХИВ направена во 2009 година[1]
– Да се измери степенот на информираност на лицата со ХИВ во Македонија за нивните права, националните и меѓународни политики и инструменти кои ги засегаат лицата со ХИВ и да се измери степенот на нивното користење и спроведување во практика
- Профил на експертот
Истражувачот треба да ги исполнува следните услови:
– искуство како методолог и како главен истражувач во квантитативни истражувања во прашања од доменот на социјалната политика, социологијата, психологијата, јавното здравје или други сродни дисциплини, или во доменот на правата на пациентите или маргинализираните групи
– искуство како главен истражувач во квалитативни истражувања
– општи познавања во врска со ХИВ и СИДА, соодветни на современата состојба на знаење во врска со оваа област и општо познавање на правната рамка за спречување и заштита од дискриминација во Република Македонија
– завршено високо образование
Предност ќе имаат кандидатите кои имаат:
– Образование од општествените науки
– Искуство или познавања од областа на човековите права или правата на пациентите
– Искуство во работа со маргинализирани групи
– Искуство во работа со пациенти
- Задачи и временска рамка
Истражувачот има задача:
– да развие методологија на истражувањето со адаптација на моделот Стигма-индекс[2] на локалниот контекст
– да го обучи и да го координира истражувачкиот тим
– да изготви формулари за доверливост за сите учесници во истражувачкиот процес во согласност со Водичот за корисници на моделот Стигма-индекс
– да направи анализа на квантитативните и квалитативните податоци од истражувањето
– да изготви сеопфатен извештај и краток сумарен извештај со заклучоци во облик на бриф за донесувачи на одлуки (формат на policy brief)
Временска рамка:
– Подготовка на методологија: 26 мај – 8 јуни 2014
– Спроведување на обука за истражувачкиот тим 9–11 јуни 2014
– Спроведување на интервјуа: 13 јуни – 20 јули 2014
– Обработка на податоците од интервјуата и подготовка на нацрт-извештај со заклучоци: 21 јули – 15 август
– Подготовка на финален извештај и бриф за донесувачи на одлуки: до 10 септември
- Аплицирање
На повикот може да се пријават физички или правни лица.
Заинтересираните лица, најдоцна до 20 мај потребно е да достават:
– професионална биографија со вклучени референци за претходни истражувања
– писмо за интерес не подолго 600 збора, во кое ќе се осврнат на пристапот што би го презеле како методолог и главен истражувач во овој вид на истражување
– предлог за изменета временска рамка за спроведување на истражувањето која нема да го надминува крајниот рок за поднесување на конечниот извештај
– очекување/предлог за финансиски надомест за ангажманот
Документите со назнака Повик за истражувач – Стигма-индекс треба да се достават на следната електронска пошта: konkurs@hera.or.mk
Лицата коишто аплицирале ќе бидат известени за резултатите од повикот, по електронски пат, најдоцна 5 дена по затворањето на повикот.
[2] Водич за корисници на моделот Стигма-индекс: http://www.stigmaindex.org/19/methodology/sampling-and-research-design.html