ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува конкурс за ангажирање физичко или правно лице за спроведување анализа на пазарот за воведување нова линија на услуги во рамки на работењето на социјалното претпријатие „Нега Плус”.
Ангажманот е во рамките на проектот „Унапредување на репродуктивните права на Ромите во Шуто Оризари“, финансиран од Фондацијата Отворено Општество Македонија.
Ангажманот опфаќа: Спроведување истражување и анализа на пазарот за потребите и можностите на стари и изнемоштени лица со цел воведување нова линија на услуги во работењето на „Нега Плус“.
- Истражување на пазарот за потребите на старите и изнемоштени лица на територија на град Скопје;
- Анализа на резултатите од истражувањето и давање препораки за нов тип на услуги;
- Анализа на законската регулатива и можноста за вклучување нова линија на услуги во работењето на „Нега Плус“;
- Предлог-цени за новопредложените услуги согласно можностите на потенцијалните клиенти на „Нега Плус“.
Временска рамка
Истражувањето, препораките и анализата треба да се изработат во период од 03.07.2019 до 02.10.2019 година. Во целокупниот процес консултантот треба да работи во консултација со социјалниот претприемач на социјалното претпријатие „Нега Плус”.
Профил и квалификација на физичкото/правното лице:
Бараме физичко или правно лице чија главна одговорност ќе биде спроведувањето на истражувањето за потребите на старите и изнемоштени лица. Консултантот треба да има знаење и искуство во спроведувањето на овој тип на активности, со веќе докажано искуство и продукти.
Физичкото или правното лице треба да ги исполнува следните услови:
- 3-годишно искуство во правење анализи на пазарот,
- 3-годишна експертиза и искуство во бизнис-планирање,
- Познавање на законските регулативи на граѓанските здруженија во остварување економски активности (генерирање сопствени приходи).
Пријавување
На повикот може да се пријават физички или правни лица, како индивидуи и/или како тим. Заинтересираните лица, најдоцна до 14 јуни 2019 година (крај на денот) потребно е да достават:
– професионална биографија со вклучени референци,
– предлог на акционен план за активностите од повикот,
– предлог-методологија за спроведување на истражувањето, временска рамка и предлог-буџет за активностите и
– портфолио/листа на клиенти/организации за кои се спроведени ваков тип на активности.
Документите со назнака Повик за консултант/ правно лице за анализа на пазарот може да ги доставите на следниот начин:
- Електронски, на следната електронска адреса: konkurs@hera.org.mk
- По пошта, на адреса: ХЕРА „Франклин Рузвелт“ 51а/26, Скопје, со назнака (Повик за физичко или правно лице за анализа на пазарот).
Лицата коишто аплицирале ќе бидат известени за резултатите од повикот, по електронски пат, најдоцна 7 работни дена по затворањето на повикот.