ХЕРА во рамките на својата програма за неформално сеопфатно сексуално образование (ССО) објавува повик за врснички едукаторки и едукатори.
Обуката опфаќа:
- I дел: тридневна обука за теоретско запознавање со седумте компоненти на ССО и тоа: род, сексуално и репродуктивно здравје, граѓански аспекти, задоволство, насилство, врски и односи и различност.
Обуката ќе се одржи од 24 до 26 јуни 2019 година во Скопје. - II дел: тридневна обука за спроведување работилници и процес на акредитација на врсничките едукатори. Овој дел ќе се одржи надвор од Скопје од 5 до 7 јули 2019 година.
- Сите учесници кои ќе ја поминат акредитацијата ќе станат сертифицирани едукатори и едукаторки на ХЕРА и ќе имаат можност да спроведуваат едукации на млади во текот на 2019 година.
Ги покануваме да се пријават сите млади кои се:
- на возраст од 16 до 21 години,
- мотивирани да водат работилници за едукација на врсници,
- имаат основни познавања за сексуално и репродуктивно здравје и права,
- сакаат да работат во тим и знаат да исполнуваат задачи навреме.
Пожелно е кандидатите да се:
- со волонтерско и активистичко искуство за човековите права,
- студенти и студентки на Институтите за род, психологија, филозофија, социјална работа, Медицинскиот факултет, Правниот факултет или други.
Заинтересираните најдоцна до 17 јуни 2019 година треба да испратат:
- кратка биографија во која ќе го наведат своето претходно волонтерско и активистичко искуство, обуки за човекови права или зa сексуално и репродуктивно здравје,
- писмо во кое ќе ја изразат својата мотивација зошто сакаат да бидат едукаторки и едукатори (најмногу 500 зборови).
Бројот на учесници е ограничен. Средствата за сместувањето и патните трошоци за двата дела од обуката се покриени од страна на ХЕРА. За првиот дел ова важи за учесниците со живеалиште надвор од Скопје.
Сите кандидати кои ќе влезат во потесниот избор можно е да бидат повикани на разговор. Ве молиме наведете телефон за контакт и електронска адреса.
Документите со назнака/предмет на пораката – повик за обука на врснички едукатори можете да ги доставите најдоцна до 17 јуни 2019 година, до 17 часот, на електронска пошта: seksualnoobrazovanie@hera.org.mk