24.01.2017

Повик за избор на претставници на граѓански организации за членство во локалното координативно тело за заштита од дискриминација

Општина Штип во рамки на проектот за заштита од дискриминација на локално ниво, спроведуван од страна на ХЕРА- Асоцијација за здравствена едукација и истражување, а поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија во Република Македонија, со одлука на Советот на Општина Штип основаше координативно тело за заштита од дискриминација.

Локалното координативно тело за заштита од дискриминација е мултисекторско тело составено од претставници на локалните институции и граѓанските организации кои работата на заштита од дискриминација, човекови права, бесплатна правна помош и кои ги застапуваат правата на маргинализираните групи. Во локалното координативно тело ќе членуваат претставници на регионалната канцеларија на Народниот правобранител, подрачното одделение на Министерството за правда- бесплатна правна помош, претставник на Комисијата за еднакви можности на мажите и жените на Општина Штип, Координаторот за еднакви можности на Општина Штип и претставници на 4 граѓански организации кои работат на територија на Општина Штип.

Основна цел на телото е унапредување на заштитата од дискриминација, пријавувањето и препознавањето на дискриминација во Општина Штип, преку размена на информации, спроведување на заеднички активности, следење на состојбите и координиран одговор на поединечни случаи на дискриминација од страна на локалните институции и граѓански организации.

Телото ќе работи преку редовни координативни состаноци, врз основа на протокол за соработка и деловник кој членовите сами ќе го донесат. Членовите на координативното тело, претставници на граѓанските организации имаат мандат од 4 години, со можност за еден реизбор.

Членовите на координативното тело до Март 2017 ќе земат учество во следните активности:

  • Активности за промоција на формирањето на координативното тело за заштита од дискриминација
  • Учество на почетна обука за унапредување на вештините за работа во координативното тело за заштита од дискриминација, составување на план на активности, деловник за работа
  • Тркалезна маса во Штип за промоција на формирањето на координативното тело за заштита од дискриминација
  • Национална конференција за унапредување на заштитата од дискриминација во Скопје

Заинтересираните кандидати, претставници од граѓански организации од општина Штип, треба да пратат мотивационо писмо во кое ќе ја опишат мотивацијата на организацијата која ја претставуваат за учество во координативното тело и искуството на организацијата на полето на заштита од дискриминација, човекови права, бесплатна правна помош и/или работа со маргинализирани групи и кратка лична биографија на претставникот/чката на организацијата кој го номинираат.

Мотивационото писмо и личната биографија треба да ги пратат на е-маил snezesaneva@yahoo.com и dragana.drndarevska@hera.org.mk најдоцна до 06 февруари 2017 година.

За дополнителни информации обратете се на:

  1. Снежана Санева- координатор за еднакви можности на Општина Штип

snezesaneva@yahoo.com или 078 472 707

  1. Драгана Дрндаревска- ХЕРА, проектна координаторка

dragana.drndarevska@hera.org.mk или 078 200 675

Публикации

Кампањи

Сервиси

Работа со Х.Е.Р.А.

Анализа и предлог-модалитети: здравствената заштита за репродуктивното здравје во Македонија

Жените во Македонија, особено оние од социјално ранливите групи, се соочуваат со различен вид на бариери во обидот да се снабдат со услуги за репродуктивното здравје. Лошото репродуктивно здравје е причина за една третина од глобалното оптоварување со болест кај жените во репродуктивна возраст и една петтина од сите причини за глобалното оптоварување од болести кај општата популација.

Повеќе »

Чук, чук, извинете што пречам на часот, ССО кога ќе имаме?

Изминува уште една година без сеопфатно сексуално образование (ССО) во училиштата. Па, преку низа предновогодишни честитки испратени од Амстердам, Скопје, Естонија, Тирана и Данска, младите му порачаа на Министерството за образование и наука што сакаат да им донесе во новата 2019-та!

Повеќе »

Бесплатни услуги

ХЕРА нуди низа бесплатни, анонимни и доверливи сервиси од областа на сексуалното и репродуктивно здравје. ХИВ тестирање, гинеколошки и дерматовенеролошки прегледи, бесплатна правна помош, дистрибуција на кондоми и едукативни материјали, советување

Повеќе »

Конкурс за ангажирање локален консултант за активности на НКМ за одржливост

Целта на ангажманот е спроведување oбуки и работилници за да се обучат невладините организации кои спроведуваат превентивни сервиси за ХИВ во пишувањето проектни апликации за дополнителни финансии од дополнителни донатори за одржливост на активностите.

Повеќе »

Партнери


Civica Mobilitas Opstina Centar European Delegation in Macedonia UN Women Groupe SOS CFSD Embassy of the United States Skopje, Macedonia Netherlands Embassy in Skopje, Macedonia Astra Network Град Скопје The Global Fund EGAL Коалиција СЗПМЗ Коалиција хомофобија Комерцијална банка Министерство за здравство IPPF - IPPF European Network National partnerscratic Institute NDI Национален младински совет Општина Струмица Македoнска платфoрма прoтив сирoмаштијата Радио МОФ УНФПА Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ) http://psihologija.com.mk/
Copyright 2013 - HERA All rights reserved.