ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува повик за учество во обука за новинар(к)и на тема „Сексуалните и репродуктивните права низ призмата на медиумите“.
Еднодневната обука ќе се одржи на 27 април (петок) во хотел „Сити Парк“ во Скопје во времетраење од 3 до 4 часа и е наменета за сите новинар(к)и кои работат во медиум (радио, телевизија, печатен медиум или веб-портал).
Обуката ќе им овозможи на новинар(к)ите:
- да стекнат подобро разбирање за негативните ефекти на одредени законски одредби врз сексуалните права на жените и на ЛГБТИ заедницата;
- да дискутираат за митовите и предрасудите кои често преовладуваат во медиумските написи, со што се зајакнува негативниот став на јавноста кон сексуалните и репродуктивните права;
- да се здобијат со практични совети за унапредување на медиумските стории од аспект на сексуалните и репродуктивните права;
- подобро да се информираат за постојните закони за прекинување на бременоста и за антидискриминација, кои се во процес на ревизија, како и за неопходните и/или најавените законски измени.
Обуката ќе ја одржат Бојан Јовановски, извршен директор на ХЕРА, Росана Јаневска, правна советничка во ХЕРА и Драгана Дрндаревска, правничка во Коалицијата „Маргини“.
Сите заинтересирани новинар(к)и треба да го потврдат своето учество на andrijana.papic@hera.org.mk најдоцна до 25 април (среда). Покрај името и презимето и телефонски број за контакт, треба да го наведат и името на медиумот во кој работат. Агендата за настанот ќе им биде испратена само на пријавените учесници/чки.
Оваа обука е овозможена со поддршка од програмата „Цивика Мобилитас“.