ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува повик за ангажирање консултант за спроведување обуки на тема Мобилизација на ресурси со фокус на искористување на фондовите на Европската унија.
Ангажманот е во рамки на проектот „Осигурување на одговорна транзиција од финансиската поддршка од Глобалниот фонд кон одржливо финансирање со средства од националниот буџет на програмите за ХИВ превенција и поддршка помеѓу клучните популации во Република Македонија”, кој е финансиски поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија.
Целта на обуките е учесниците, околу 20 претставници од граѓанските организации кои работат на превенција на ХИВ, да се стекнат со знаења и вештини за мобилизација на ресурси, самостојно планирање и развивање проектни идеи, вмрежување со останати правни субјекти и подготовка и поднесување на предлог-проекти.
Од обуката се очекува најмалку шест граѓански организации активно да спроведуваат стратегии за мобилизација на ресурси со цел одржливост на дел од програмите на организацијата.
Опис на ангажманот
Бараме лице чија главна одговорност ќе биде спроведување на 2 (две) дводневни обуки во времетраење од пет консултантски дена, кои треба да се реализираат во следниот период:
- Прва дводневна обука: 10 – 20 декември 2017 година и
- Втора дводневна обука: 10 – 20 февруари 2018 година.
Лицето ќе биде одговорно за подготвување методологија за спроведување на обуките, дизајнирана според потребите на учесниците. Содржината на обуките треба да ги опфати следните теми:
- Вовед во мобилизација на ресурси;
- Вовед во фондовите на Европската унија (Програми на Европската унија достапни за Република Македонија и граѓански организации, следење повици од Европската унија);
- Раководење со проектен циклус;
- Вмрежување со останати правни субјекти (државни и јавни институции, здруженија, други правни лица);
- Подготовка на проектна апликација за повици од Европската унија.
Консултантот ќе добие поддршка од внатрешен фасилитатор на ХЕРА при процесот на подготовка на методологијата, запознавање со потребите на учесниците, како при спроведувањето на обуките.
Обврски кои треба да ги реализира консултантот:
- Спроведување на две дводневни обуки;
- Изработка на методологија на работа (курикулум);
- Изработка на презентации (Power Point) кои ќе останат на располагање на организацијата;
- Изработка на извештај со препораки од испорачаните обуки и
- Подготовка на работни материјали за учесниците на работилниците.
Потребни квалификации на консултантот
- Завршено високо образование;
- Искуство од најмалку 5 години во спроведување обуки со фокус на мобилизација на ресурси;
- Искуство од најмалку 5 години во развивање и аплицирање на проекти од фондови на Европската унија;
- Способност за планирање и организација;
- Течно говорење на македонскиот и англискиот јазик;
- Насоченост кон навремено исполнување на зададените задачи;
- Државјанство на Република Македонија.
За овој петдневен ангажман предвиден е надомест од 46.880 денари во бруто износ. Обуките ќе се спроведуваат надвор од Скопје. Трошоците за превоз, храна и сместување за консултантот ќе бидат покриени од страна на ХЕРА.
ПРИЈАВУВАЊЕ
Сите заинтересираните кандидати, најдоцна до 17 ноември 2017 година, потребно е да достават:
- професионална биографија,
- портфолио/список на клиенти/организации за кои се спроведени исти/слични активности,
- предлог-методологија за планираните обуки и
- образец за финансиска понуда.
Документите со назнака Повик за ангажирање на консултант за спроведување обуки за мобилизација на ресурси треба да се достават:
- По електронска пошта: konkurs@hera.org.mk или
- По пошта: Здружение Х.Е.Р.А. – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, ул. „Франклин Рузвелт“ бр. 51а, 1000 Скопје.
Лицата коишто аплицирале ќе бидат известени за резултатите од повикот, по електронски пат, најдоцна 10 дена по извршениот избор.
*На повикот можат да аплицираат и правни лица преку номинирање на физичко лице кое ги исполнува условите за спроведување на ангажманот.
Критериуми за избор на консултант:
- Искуство и број на одржани обуки од областа – 30%
- Искуство и број на подготвени апликации/добиени проекти – 40%
- Финансиска понуда – 30%