Пред Вас е нашиот Осврт кон проширувањето на Европската Унија за 2022 година, со фокус на сексуалното и репродуктивното здравје и права (СРЗП) во нашата земја.
Сексуалните и репродуктивните права се дел од основните човекови права и предуслов за постигнување на родовата еднаквост. Имајќи го предвид ова, како и фактот дека нашата држава и натаму цели кон пристапување во ЕУ, овој осврт дава преглед на промените што е потребно да се направат за да можат граѓаните да уживаат во СРЗП, а особено жените, младите и општествено исклучените заедници засегнати од ХИВ.
Порастот на антифеминистичкото движење што придонесува кон зголемен тренд на говор на омраза и на бројот на случаи на семејно насилство, како и намалувањето на буџетите за граѓанските организации кои даваат услуги за ХИВ и СРЗ и за бесплатна контрацепција за општествено исклучените жени во општеството, особено невработените и Ромките, се појдовни показатели за овдешните клучни предизвици поврзани со СРЗП и родовата еднаквост. Извештајот, исто така, ги истакнува и пропустите во спроведувањето на законодавството и политиките заради заштита и унапредување на овие права за сите луѓе во Македонија.
Освртот кон проширувањето на ЕУ за 2022 година, со фокус на СРЗП, е достапен на македонски и англиски јазик.