ХЕРА во соработка со Град Скопје на 29.04.2013 одржа обука за новинари реализирана во рамки на проектот „Прв семеен центар во Град Скопје“ како дел од Програмата CIVICA Mobilitas 2012 која се спроведува од страна на Центарот за институционален развој-ЦИРа, финансиски поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка.
Целта на обуката беше да се подобри информираноста на новинарите околу проблематиката на семејно насилство, да се зголеми пристапот на новинарско истражување при покривање на стории поврзани со семејно насилство како и да се посочи важноста на медиумите во справувањето со семејното насилство.
На обуката присуствуваа новинари од печатените, телевизиски и интернет медиуми.
Предавачи беа Снежана Лупевска, автор на емисијата КОД и Мила Царовска, програмски координатор на ХЕРА.