Сметаме дека новиот Закон за основното образование е значително унапреден во однос на заштитата од дискриминација и насилство во основното образование.
Коалицијата Маргини, Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување ХЕРА и Македонското здружение на млади правници ја поздравуваат одлуката на Министерсвото за образование и наука и Собраниeто на Република Северна Македонија за носење нов закон за основно образование, а особено за внесувањето одредби за заштита од дискриминација и насилство.
Апелираме за соодветна примена на овие членови во партнерство со здруженијата на граѓани.