10.05.2019

Конкурс за практикант/ка во ХЕРА

Од крајот на 2016 година ХЕРА започна со нова програма за практиканти, која им е достапна на младите. Можноста да се биде практикант/ка во ХЕРА отвори нови насоки за развој на младите кои можат да градат искуство преку вклучување во секојдневните активности на организацијата.

Младите кои се заинтересирани да станат практиканти во ХЕРА треба да:

  • се на возраст од 18 до 25 години,
  • имаат најмалку една година волонтерско или активистичко искуство во формално или неформално здружение на граѓани,
  • координирале или воделе одредена активност како волонтери или активисти во последните 2 години,
  • имаат одлично познавање на македонскиот и англискиот јазик,
  • имаат изградени вештини за логистика,
  • имаат изградени вештини за информатичка технологија (Word, Excel, PowerPoint, WordPress, социјални медиуми) и
  • се исполнителни.

Предност ќе имаат младите кои поминале:

  • обука од областа на сексуалното и репродуктивно здравје и човековите права и
  • модул на сеопфатно сексуално образование (ССО).

Практикантот/ката ќе биде одговорен/на да асистира и да стекнува искуство и знаења во спроведувањето на активности кои се однесуваат на младинската програма во ХЕРА. Практикантот/ката ќе волонтира на активности со цел зголемување на учеството на волонтерите во промоција на сексуалното и репродуктивното здравје и права и на ССО, како и зголемување на нивната вклученост како едукатори за ССО. Практикантот/ката ќе подготвува редовни извештаи за спроведената работа пред координаторот на младинската програма.

Предвиденото време за волонтирање на практикантот/ката  е секој работен ден од 08.30/9.30 до 12.30/13.30 или 12.30/13.30 – 16.30/17.30 часот. Вкупниот број на часови за волонтирање во неделата е 20 часа. Практикантот/ката добива нето месечен надоместок за трошоци за храна и превоз во износ од 4.654,00 денари.

Заинтересираните треба да испратат:

  • кратка биографија во која ќе ги наведат активностите што ги имаат спроведено како волонтери или активисти, и обуките кои ги поминале,
  • индивидуална препорака од одговорно лице во здружението каде што го оствариле претходното волонтерско искуство, и
  • мотивациско писмо.

Ве молиме да наведете и телефон и е-пошта за контакт.

Документите со назнака/предмет на пораката Конкурс за практикант треба да се достават на konkurs@hera.org.mk најдоцна до 17 мај (петок).

Сите кандидати кои ќе влезат во потесниот избор, ќе бидат повикани на разговор. Сите кандидати ќе бидат известени за резултатите од Конкурсот, по електронски пат, во рок од 8 дена по затворањето на конкурсот.

 

 

Публикации

Кампањи

Сервиси

Работа со Х.Е.Р.А.

Кои се инвестициите и минималните стандарди за заштита од родово засновано и семејно насилство?

Родово заснованото и домашното насилство се меѓу најгорливите проблеми кај нас и дел од секојдневието на многу граѓанки и граѓани. Како потписничка на Истанбулската конвенција, нашата земја има обврска ефективно да се справи со оваа состојба; едно од клучните решенија е да обезбеди основни финансиски средства и стандарди за подобрување на достапноста кон специјализираните сервиси за жртвите на овие видови […]

Повеќе »

„Задоволство и врски“ – SexEd 2.0

На второто издание на SexEd зборувавме за магијата на задоволството, разноликоста и филозофијата на врските – со себе и другите. Јавно отворивме многу скокотливи теми и скршивме цел куп табуа во само една вечер. SexEd 2.0 е едукативно и инспиративно патување за сите сетила, а сега во него можете да уживате и вие преку раскажувачките моќи на нашите говорници.

Повеќе »

Бесплатни услуги

ХЕРА нуди низа бесплатни, анонимни и доверливи сервиси од областа на сексуалното и репродуктивно здравје. ХИВ тестирање, гинеколошки и дерматовенеролошки прегледи, бесплатна правна помош, дистрибуција на кондоми и едукативни материјали, советување

Повеќе »

„Нега Плус“ нуди можност за работен ангажман

„Нега Плус“ e социјално претпријатие кое нуди професионална грижа и нега на стари и изнемоштени лица во домашни услови, основано во рамки на ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување. За потребите на „Нега Плус“, објавуваме повик за ангажирање: две сертифицирани негувателки за нега и грижа на стари лица во домашни услови; две жени за одржување и помош во […]

Повеќе »

Партнери


Civica Mobilitas Opstina Centar European Delegation in Macedonia UN Women Groupe SOS CFSD Embassy of the United States Skopje, Macedonia Netherlands Embassy in Skopje, Macedonia Astra Network Град Скопје The Global Fund EGAL Коалиција СЗПМЗ Коалиција хомофобија Комерцијална банка Министерство за здравство IPPF - IPPF European Network National partnerscratic Institute NDI Национален младински совет Општина Струмица Македoнска платфoрма прoтив сирoмаштијата Радио МОФ УНФПА Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ) http://psihologija.com.mk/
Copyright 2013 - HERA All rights reserved.