ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува конкурс за ангажирање на координатор за „Младински центри за сексуално и репродуктивно здравје“
1.Кандидатите треба да ги исполнуваат следните квалификации:
– Завршено високо образование
– Најмалку 3 годишно работно искуство во финансиско и програмско раководење на проекти
– Искуство во проекти за ранливи групи (мажи кои имат секс со мажи, сексуални работнички, луѓе кои живеат со ХИВ и корисници на дрога)
– Искуство во организирање или координација на проекти во кои се обезбедуваат здравствени или социјални услуги за ранливи групи
– Развиени вештини за со информатичка технологија (Microsoft Office)
– Одлични познавања на Македонски и Англиски јазик
– Изградени вештини за логистика
– Изградени способности за раководење на тим
– Насоченост кон навремено исполнување на зададените задачи
– Државјанин на Република Македонија
Предност ќе имаат кандидати со:
– Искуство во имплементација на проекти млади и адолесценти
– Искуство во имплементација на проекти за унапредување на сексуалното и репродуктивното здравје
2.Опис на работната позиција:
Вработената или вработениот ќе биде одговорна/ен за организирање на работата на Младинските пријателски центри „Сакам да знам“ во амбуланта Водно и Амбуланта Шуто Оризари. Обврските ќе бидат поврзани со логистика за непречено спроведување на квалитетни услугите во центрите, сервисна статистика – дата база, набавки (медицински материјали, лекови и канцелариски материјали), комуникација со партнерски организации, комуникација со целните групи – корисници на услугите. Ќе биде одговорна или одговорен да врши постојана промоција на центрите преку теренски активности, социјални медиуми и соработка со училишта и други установи каде се наоѓаат млади.
Работниот ангажман е до декември 2016 година. Предвидената плата во бруто износ со покриени придонеси за здравствено и пензиско осигурување изнесува 34 900 денари.
Најдоцна до 17 септеври 2015 заинтересираните кандидати треба да достават:
– писмо за мотивација
– детална биографија
– една препорака од претходните работни места кои потврдуваат искуство во раководење на прокети наменети за маргинализирани заедници
Сите кандидати кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат повикани на разговор при што ќе треба да ги донесат оригиналните документи на увид. Ве молиме наведете телефон за контакт и e–mail адреса.
Сите кандидати ќе бидат известени за резултатите од Конкурсот, по електронски пат, во рок од 8 дена по затворање на конкурсот.
Документите со назнака/предмет на пораката конкурс координатор за „Младински центри за сексуално и репродуктивно здравје“ можете да ги доставите на следниов начин:
По електронска пошта: konkurs@hera.org.mk
По пошта: Х.Е.Р.А. ул. Дебарца 56/1-4, Скопје, со назнака (оглас за работно место Младински центри)