На крајот од 2016 година, ХЕРА започна со нова програма за волонтери наменета за младите. Оваа позиција им дава можности на младите да се развиваат и да стекнуваат искуство преку вклучување во секојдневните активности на организацијата.
Сите млади кои се заинтересирани да станат волонтери во ХЕРА, треба:
- да имаат меѓу 18 и 25 години,
- да имаат најмалку една година волонтерско или активистичко искуство во формално или неформално здружение на граѓани,
- да координирале или воделе одредена активност како волонтери или активисти во последните 2 години,
- да имаат одлично познавање на македонскиот и англискиот јазик,
- да имаат изградени вештини за логистика,
- да имаат изградени вештини за информатичка технолоија (Word, Excel, PowerPoint, WordPress, социјални медиуми), и
- да имаат насоченост кон навремено исполнување на зададените задачи.
Предност ќе имаат младите кои :
- имаат поминато обука од областа на сексуалното и репродуктивното здравје и човековите права (СРЗП) и/или
- поминале модул на сеопфатно сексуално образование (ССО).
Волонтерот/ката ќе биде одговорен/на да асистира во спроведувањето на активности поврзани со младинската програма во ХЕРА, со што ќе стекнува соодветно искуство и знаења. Волонтерот/ката ќе учествува во активности со цел да се зголеми учеството на другите волонтери во промоцијата на СРЗП и ССО, како и вклученоста на волонтерите како едукатори за ССО. Практикантот/ката ќе подготвува редовни извештаи за спроведената работа и ќе ги доставува до координаторот на младинската програма.
Предвиденото време за работа на волонтерот/ката е секој работен ден од 8.30/9.30 до 12.30/13.30 или од 12.30/13.30 до 16.30/17.30 часот. Вкупниот број на работни часови изнесува 20 часа неделно. Волонтерот/ката ќе добива нето месечен надоместок за трошоци за храна и за превоз во износ од 4.654,00 денари.
Доколку сте заинтересирани, најдоцна до 28 јуни 2020 година испратете:
- кратка биографија во која ќе се наведат активностите кои ги спровеле како волонтери или активисти и поминатите обуки,
- индивидуална препорака од одговорно лице во здружението каде што се остварило, и претходното волонтерско искуство
- мотивационо писмо.
Ве молиме наведете и телефон и е-адреса за контакт.
Документите со назнака/предмет на пораката Конкурс за волонтер можете да ги испратите по електронска пошта на meri.cvetkovska@hera.org.mk
На разговор ќе бидат повикани само оние кандидати кои ќе влезат во потесниот избор. Сите пријавени ќе бидат известени за резултатите од конкурсот, по електронски пат, во рок од 8 дена по затворањето на конкурсот.