Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување – Х.Е.Р.А. објавува конкурс за вработување на определено време на следното работно место: проектен асистент на „Заедно посилни“ –група за поддршка и самопомош на лицата што живеат со ХИВ во Македонија
Работното место се отвора во рамките на проектите „Организациско јакнење на заедницата на ЛЖХИВ“ (поддржан од Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија) и проектот „Обезбедување долгорочен пристап до квалитетна терапија за ХИВ во Македонија“ (поддржан од Фондацијата Отворено општество Македонија), за период од 15 април – 31 декември 2013 година.
Работни обврски
Проектниот асистент:
- се грижи за логистика и организација на проектни активности
- подготвува потребна документација (договори, налози и сл.)
- по овластување од координаторот комуницира со други организации и институции
- подготвува извештаи од поединечни активности
- следи огласи и можности за проектни апликации
- следи објави и известувања во медиумите во врска со ХИВ и ЛЖХИВ и релевантни здравствени, социјални и други политики и подготвува прес-клипинзи
- креира и одржува блог/ФБ-профил
Општи услови
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови:
- завршено високо образование
- познавање на административно и финансиско работење
- најмалку едногодишно работно искуство
- одлично познавање на англиски јазик (пишување, читање и зборување)
- одлично познавање на работа со компјутери (Microsoft Office)
- изградени способности за тимска работа
- државјанство на Република Македонија
Критериуми за избор
За работното место предност ќе имаат кандидатите со:
- претходно искуство во здруженија на граѓани
- познавања или искуство од областа на работа со маргинализирани групи, јавно здравје, сексуално и репродуктивно здравје и ХИВ, човекови права
- образование во некоја од овие области: социјална работа, психологија, хуманистички науки, економија, право, медицина или други сродни професии
- мотивираност за работа во областа на конкретното работно место
- доверливост и сензибилност за работа со маргинализирани групи
- динамичност, амбициозност и самоиницијативност
- возачка дозвола Б категорија
Потребни документи
Најдоцна до 05.04.2013 заинтересираните кандидати треба да достават:
- професионална биографија
- писмо за мотивација (200-300 збора)
- една препорака од претходно работно место
- уверение за завршено високо образование
Сите кандидати коишто ќе влезат во потесниот избор ќе бидат повикани на разговор, при што ќе треба да ги донесат оригиналните документи на увид.
Ве молиме наведете телефон за контакт и е-маил адреса.
Сите кандидати ќе бидат известени за резултатите од конкурсот, по електронски пат, 7 дена по затворањето на конкурсот.
Документите со назнака/предмет на пораката „конкурс за асистент“ доставeте ги на: konkurs@hera.org.mk