ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува барање за прибирање понуди од правни лица за софтверско решение за поставување и дистрибуирање на инструменти за евалуација по електронски пат.
Ангажманот е во рамките на проектот „Piloting CSE in the elementary schools-Make it happen!“, поддржан од страна на Меѓународната федерација за планирано родителство.
1. За проектот
1.1. Позадина на проектот
Главната цел на проектот „Piloting CSE in the elementary schools-Make it happen!“ е да се подигнат образовниот стандард и свеста кај младите за нивните права и истовремено да се зајакне
институционалната поддршка во функционирањето на образовниот систем.
Како дел од првата фаза на пилотирање на сеопфатното сексуално образование во училиштата, процес поддржан од Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и ХЕРА, во соработка со надворешни експерти се изработени инструменти за евалуација, односно прашалници, преку кои ќе се направи еден вид онлајн истражување за младите чии одговори ќе ни овозможат увид во моменталната состојба кај младите луѓе во однос на вештините, вредностите и знаењата кои ги имаат стекнато во досегашното образование.
1.2. Општа цел на проектот:
- Младите се зајакнати да ги уживаат своите права, да носат информирани одлуки и да имаат подобар квалитет на живот;
- Зајакнување на националните капацитети за вклучување на младите и адолесцентите и нивните потреби и права во законите, политиките и програмите.
1.3. Целна група на проектот:
Целна група на проектот се: млади, наставници, обучувачи и институции.
2. Опис на активноста:
Бараме правно лице чија главна одговорност ќе биде да понуди иновативно дизајнирани софтверски алатки во негова сопственост, со цел да се обезбедат анонимно и безбедно поставување на инструменти за евалуација (прашалници), нивно онлајн дистрибуирање и прибирање на податоците од инструментите за евалуација во рамките на проектот. Правното лице треба да обезбеди тим од 2 до 5 лица кои ќе бидат вклучени во процесот како постојана информатичка/техничка поддршка и ќе присуствуваат за време на спроведувањето на активноста како супервизори. Притоа, во текот на целиот процес, ангажираното правно лице ќе биде во редовна комуникација и координација со проектниот тим на ХЕРА. Ангажираното лице ќе ја спроведува активноста надвор од канцелариите на ХЕРА.
2.1. Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве квалификации:
- Најмалку пет години работно искуство во областа на информатичката технологија, особено во програмирање и дизајнирање на софтвери;
- Докажано портфолио во изработка на исти/слични продукти;
- Предност ќе имаат кандидати со искуство во работење со/во невладиниот сектор.
2.2. Ангажираното лице ќе биде одговорно за:
- Поставување на инструментите за евалуација (прашалници) на матичниот софтвер и нивно онлајн дистрибуирање;
- Прибирање на податоци;
- Составување тим (2-5 лица) коj ќе бидат постојано присутен за време на спроведувањето на прашалниците во улога на супервизија.
3. Продукти кои треба да се донесат за време на ангажманот:
- Собрани податоци и успешно спроведена евалуација.
4. Рок за спроведување:
Работата на оваа активност треба да биде спроведена во периодот од 7 до 25 декември 2020 година.
5. Пријавување
Најдоцна до 3 декември 2020 година до 17 часот сите заинтересирани треба да испратат:
- Портфолио за Понудувачот во подготовка и испорака на ваков тип на услуги;
- Потврда за постоечки софтвер во сопственост на Понудувачот;
- Финансиска понуда во приложениот формат.
Предвид ќе бидат земени само оние понуди кои ги исполнуваат условите и кои ќе испратат комплетна документација во предвидениот рок.
6. Начин на избор:
ХЕРА, во согласност со одредбите од договорот на проектот, ќе спроведе повик со прибирање на најмалку 3 (три) понуди. Критериум за избор, покрај цената, се и квалитетот и искуството во подготовка на ваков вид алатки/активности.
Сите кандидати ќе бидат известени за резултатите од повикот по електронски пат, во рок од 3 дена по затворањето на конкурсот.
Документите со назнака/предмет на пораката: Понуда за ангажирање правно лице за софтверско решение за инструменти за евалуација можете да ги доставите на следниов начин:
- По електронска пошта: konkurs@hera.org.mk
- По пошта: ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, ул. „Франклин Рузвелт“ 51а/26, Скопје, со назнака Понуда за ангажирање правно лице за софтверско решение за инструменти за евалуација
Нецелосните пријави и пријавите пристигнати по крајниот рок нема да бидат разгледувани.