ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува конкурс за вработување на определено време за: координатор/ка за млади
Кандидатите/ките треба да ги исполнуваат следните услови:
Општи квалификации:
- Завршено високо образование
- Искуство во имплементација на проектни активности за унапредување на сексуалното и репродуктивното здравје
- Државјанство на Република Македонија
- Напредни вештини за информатичка технологија (Microsoft office, World press, платформи за социјални медиуми)
- Одлични познавања на македонски и англиски јазик
- Изградени вештини за логистика
Предност ќе имаат кандидатките/ите кои имаат специфични квалификации:
- Искуство во проекти поврзани со неформално образование
- Искуство во работа со млади и волонтери
- Поминале обуки за сеопфатно сексуално образование
- Искуство во програмско и финансиско раководење на проекти
- Искуство во застапување со донесувачи на одлуки
Опис на работната позиција:
Координаторот/ката на програмата ќе биде одговорен/а за организирање на неформално образование во училиштата, за застапување за сеопфатно сексуално образование пред одговорните институции и за поддршка на групата од млади волонтери во ХЕРА. Ова ќе опфаќа спроведување на обуки и на врснички едукации, раководење на Младинската платформа за ССО, регрутирање на нови волонтери и техничка поддршка на активностите на ХЕРАмлади. Обврските ќе бидат поврзани со логистика со едукатори и училишта, комуникација со партнерски младински организации, со донесувачи на одлуки и политичари, комуникација со младите волонтери и организирање на активности во согласност со потребите.
Предвидената плата во бруто износ со покриени придонеси за здравствено и пензиско осигурување изнесува 34,000.00 денари
Ги охрабруваме младите на возраст до 30 години да аплицираат за работното место.
Најдоцна до 05.09.2017 (вторник) заинтересираните кандидати треба да достават:
- Писмо за мотивација
- Биографија (во која јасно го наведуваат претходното искуство според наведените квалификации и пропозиции на конкурсот)
- Една препорака од претходните работодавачи кои потврдуваат искуство за бараните квалификации
Ќе се разгледуваат само оние кандидатки и кандидати кои ќе ги достават сите наведени документи. Ве молиме наведете телефон за контакт и e-mail адреса.
Кандидатките и кандидатите ќе бидат известени за резултатите, по електронски пат, во рок од 8 дена по затворање на конкурсот.
ХЕРА гарантира дека при изборот сите кандидати без оглед на етничката припадност, родовата идентификација, сексуалната ориентација, возраста, брачниот и родителскиот статус, расата, попреченоста или која било друга основа, ќе имаат еднакви услови.
Документите со назнака/предмет на пораката Конкурс за координатор/ка за млади можете да ги доставите на следниов начин:
По електронска пошта: konkurs@hera.org.mk
По пошта: Х.Е.Р.А. ул. Дебарца 56/1-4, Скопје, со назнака (Оглас за Конкурс за координатор/ка за млади)