Во рамки на проектот „Унапредување на здравјето на Ромките”, ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува конкурс за ангажирање правен/-на советник/-чка во Скопје, за периодот април – декември 2019 година.
Кандидат(к)ите треба да ги исполнуваат следните услови:
– Диплома од правен факултет
– Најмалку двегодишно работно искуство во нудење на правна помош на ранливи групи граѓани
– Познавање на националните и меѓународните механизми за заштита на човековите права и заштита од дискриминација
– Изградени вештини за информатичка технологија (Microsoft Office)
– Одлични познавања на македонски и англиски јазик
– Самоиницијативност
– Насоченост кон навремено исполнување на предвидените активности
За предност ќе се смета:
– Положен правосуден испит
– Работно искуство во граѓански сектор
– Работно искуство во обезбедување правна помош на маргинализирани заедници, вклучително и Роми
Опис на ангажманот:
Ангажираниот/ангажираната ќе биде одговорен/-на за документирање случаи на прекршување на човековите права (здравствени, социјални, репродуктивни права) и дискриминација на претставници на ромската заедница во Шуто Оризари, следење и менторство во работата на сервисот за параправна поддршка во Младинскиот центар „Сакам да знам”, изготвување и проследување правни акти до надлежните институции. Ќе биде одговорен/-на и за изработка на други правни акти во организацијата.
Ангажманот трае до 31 декември 2019 година и за него е предвиден надомест од 29.562,00 денари месечно, во БРУТО износ, за 30 работни часови неделно.
Најдоцна до 1 април 2019 година заинтересираните кандидат(к)и треба да достават:
- Детална биографија на македонски јазик
- Писмо за мотивација на македонски јазик
- Препорака од претходните работни места кои потврдуваат искуство во обезбедување на правна помош на ранливи групи граѓани
Ве молиме во апликацијата да наведете и телефон и e-адреса за контакт.
Документите со назнака/предмет на пораката Конкурс за правен/-на советник/-чка можете да ги доставите на следниов начин:
Електронски: | konkurs@hera.org.mk |
По пошта: | ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување ул. Франклин Рузвелт 51а/26, 1000 Скопје |
Кандидат(к)ите кои најдобро одговараат на горенаведените критериуми ќе бидат повикани на интервју по завршувањето на конкурсот, при што ќе треба да ги донесат оригиналните документи на увид.
ХЕРА гарантира дека сите пријавени кандидат(к)и ќе имаат исти услови при изборот без оглед на етничката припадност, родовата идентификација, сексуалната ориентација, возраста, брачниот и родителскиот статус, расата, попреченоста или која било друга основа.