ХЕРА објавува јавен оглас за вработување координатор/-ка за сервиси за сексуално и репродуктивно здравје, во рамки на услугите кои ги обезбедува организацијата за потребите на младинските центри „Сакам да знам“ и мобилната гинеколошка амбуланта.
Опис на ангажман:
Координатор/-ка за сервиси за сексуално и репродуктивно здравје е одговорен/-на за реализација на активностите и услугите кои се обезбедуваат преку младинските центри „Сакам да знам“ и мобилната гинеколошка амбуланта заедно со давателите на услуги и партнерските организации.
Обврските вклучуваат координација, комуникација и поддршка на тимот на даватели на услуги во сервисите и партнерските организации; организирање на смени; грижа за квалитетот на услугите во сервисите; набавка и следење на медицински материјали, тестови и лекови; подготовка на наративни извештаи и авторски договори; следење на буџетското трошење; внесување на податоци од услугите во дата база; планирање и организација на обуки и промоција на сервисите на социјалните медиуми.
Кандидат(к)ите треба да ги исполнуваат следните услови:
- Завршено високо образование
- Солидно познавање на програми и работа со сервиси од областа на здравството и/или социјалната заштита
- Одлични вештини на информатичка технологија
- Одлично познавања на англискиот јазик
- Искуство на работа во динамична атмосфера и кратки рокови
- Изградени способности за тимска работа и комуникација
- Државјанство на Република Северна Македонија
За предност ќе се смета:
- Работно искуство на проекти поврзани со сексуалното и репродуктивно здравје и права или обезбедување на социјални и здравствени услуги
- Искуство во работа со маргинализирани групи (Роми, геј мажи и други мажи што имаат секс со мажи, лица кои инјектираат дроги, сексуални работници/чки, лица со попреченост)
Основната бруто плата е 36.000 денари.
Работното време е 40 часа во работната недела.
Најдоцна до 10 февруари 2020 година заинтересираните кандидат(к)и треба да достават:
- биографија на македонски
- писмо за мотивација на македонски јазик до 300 зборови
- потврда за завршено образование
- препорака од претходни работни ангажмани
Ве молиме во апликацијата да наведете телефон и e-адреса за контакт.
Кандидат(к)ите кои најдобро одговараат на горенаведените критериуми ќе бидат повикани на интервју по завршувањето на конкурсот. Во зависност од изборот, организација може да спроведе и тестирање на најдобрите кандидати.
Кандидат(к)ите кои нема да ги достават бараните документи во целост нема да бидат разгледувани.
ХЕРА гарантира дека сите пријавени кандидат(к)и ќе имаат исти услови при изборот без оглед на етничката припадност, родовата идентификација, сексуалната ориентација, возраста, брачниот и родителскиот статус, расата, попреченоста или која било друга основа.
Документите со назнака/предмет на пораката Конкурс за координатор/-ка за сервиси за сексуално и репродуктивно здравје можете да ги доставите на еден од следниве начини:
Електронски: konkurs@hera.org.mk
По пошта: ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување
ул. Франклин Рузвелт 51а/26, 1000 Скопје