Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување Х.Е.Р.А.- објавува конкурс за работно ангажирање на определено време на следното работно место: Менаџер/ка во Прв семеен центар на град Скопје.
Кандидатите/ките треба да ги исполнуваат следните општи услови:
- да поседува универзитетска диплома од областа на социјална работа/социјална политика/психологија/социологија/правни науки
- најмалку три години искуство во работа со жртви на семејно насилство/деца жртви на злоупотреба/сторители на семејно насилство
- познавање на англиски јазик
- познавање на работа со компјутери (Microsoft Word, Excel, Power Point, Internet)
- државјанин/ка на Република Македонија
За работното место предност ќе имаат кандидати со:
- завршени постдипломски студии
- најмалку три години искуство во граѓанскиот сектор
- способности за организација и комуникација
- изградени способности за тимска работа
- максимална посветеност кон работата
- динамичнa, амбициозна и самоиницијативна личност
Најдоцна до 17:00 часот на 20 октомври 2016 (четврток), заинтересираните кандидати треба да достават:
- електронска (скенирана) копија од диплома за завршено образование
- биографија
- писмо за мотивација
- најмалку една препорака од претходните работни места
ХЕРА гарантира дека при изборот сите кандидати и кандидатки ќе имаат еднакви услови без оглед на етничката припадност, родовата идентификација, сексуалната ориентација, возраста, брачниот и родителскиот статус, расата, попреченоста или која било друга основа.
Сите кандидати кои ќе ги достават бараните документи и кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат повикани на разговор. Ве молиме наведете телефон за контакт и e-mail адреса. Кандидатките и кандидатите ќе бидат известени за резултатите од Конкурсот, по електронски пат 7 дена по затворање на истиот.
Документите со назнака/предмет на пораката Конкурс за Менаџер/ка на Прв семеен центар на Град Скопје можете да ги доставите на следниов начин:
Електронски: konkurs@hera.org.mk
По факс на: 02 55 6 002
По пошта: Х.Е.Р.А. Дебарца, 56 1000 Скопје