Општина Кисела Вода, во соработка со нашето социјално претпријатие „Нега Плус“, објавува конкурс за учество на обука за негувател(к)и за помош и нега на стари лица.
Се повикуваат сите заинтересирани лица кои сакаат да посетуваат обука и да се стекнат со верификуван сертификат, да аплицираат во периодот најдоцна до 1.12.2020 година.
Кандидат(к)ите треба да ги исполнуваат следните услови:
- Да се државјани на Р. С. Македонија;
- Да имаат над 18 години;
- Да имаат општа психо-физичка способност за работа;
- Да имаат завршено минимум основно образование;
- Да бидат мотивирани за работа со стари и немоќни лица;
- Да бидат подготвени по обуката да бидат вклучени во сервисот за нега во домашни услови „Нега Плус“.
Напомена: Обуката за негувател(ка) за помош и нега на стари лица и лица со попреченост е сертифицирана.
„Нега Плус“ e социјално претпријатие, односно професионален сервис за грижа и нега на стари и изнемоштени лица во домашни услови, основано во рамки на ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување.
Особено ги охрабруваме да се пријават жените кои имаат статус на долгорочно невработени или кои ѝ припаѓаат на ромската етничка заедница.
Сите заинтересирани треба да се пријават на следната е-пошта: ana.gjuroska@kiselavoda.gov.mk , simon.toshanov@kiselavoda.gov.mk и/или тел. 071/391-167 кај Ана Ѓуроска, 070/683-810 кај Симон Тошанов и да остават свои контакти.
Кандидати(к)ите кои ќе ги исполнат условите ќе бидат повикани на индивидуално интервју.