Картата со оцена од заедницата претставува истражување за состојбите на здравствената заштита и правата на Ромките од Шуто Оризари поврзани со услугите за планирање на родителство, услугите во текот на бременоста и по породувањето. Картата со оцена од заедницата за 2017 година беше спроведена од страна на Иницијативата на жени од Шуто Оризари која шеста година по ред го мониторира пристапот и квалитетот на здравствената заштита во текот на бременоста и по породувањето, со што директно следи во која мера и како се спроведуваат политиките што треба да го гарантираат репродуктивното здравје.
Според најновите наоди, минатата година пристапот до услуги за репродуктивно здравје е подобрен, но употребата на средства за модерна контрацепција меѓу ромското население и посетеноста на Ромките од страна на патронажната служба се недоволни. Незаконската наплата и натаму е еден од најголемите предизвици со кои се соочува оваа популација.
Целото истражување е достапно на македонски јазик.