Во рамките на проектот „Зајакнување на капацитетите на Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Северна Македонија за развој на социјалното претприемништво“ поддржан од Владата на Република Северна Македонија, ХЕРА ги процени капацитетите и потребите на Агенцијата и спроведе низа активности преку кои доби појасна слика за познавањата на вработените и менторите за концептот на социјалното претприемништво, за потребите од обуки на Агенцијата, како и за можностите за вклучување на посебни активности во целите на работата на Агенцијата.
Со цел да ѝ даде видливост на соработката, ХЕРА спроведе мини-кампања на социјалните мрежи преку која истовремено ја подигна јавната свест во врска со социјалното претприемништво.