Абортуси се случуваат во Шведска, Грција и Франција каде што се легални, безбедни и покриени со здравственото осигурување. Се случуваат и во Кенија, Ел Салвадор и на Филипините иако се сметаат за кривично дело, а секоја жена што абортира ризикува да добие затворска или смртна казна.
Репродуктивните права на жените и девојките не се загарантирани ни во земјите во Средна и Источна Европа – женското тело и натаму е предмет на национални расправи во кои најгласни се религијата и приговорот на совеста. Правото на избор не е загарантирано ни кај нас. Токму затоа и годинава го одбележуваме 28 септември – Меѓународниот ден за безбеден абортус, и бараме: