За потребите на проектот „Пилотирање на медикаментозен абортус“, здружението на граѓани ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува јавен повик за набавка на потребна опрема за амбулантата за медикаментозен абортус во рамки на Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство.
Потребни количини/обем на набавката:
- 1 работно биро со вградени фиоки, димензии 120*80
- 1 шкаф за документација (со дел за заклучување на документи), димензии 120*180
- 2 канцелариски столици за биро, со тркалца, фиксни рачки и можност да подесување на висина
- 1 клуб маса, бела/светла сива боја
- 3 конференциски пластични столици за околу масата, бела/светла сива боја
- 1 kауч/канцелариски тросед, еко кожа, бела/светла сива боја
- 1 канцелариски петтосед, еко кожа, бела/светла сива боја
- 1 метална закачалка за облека
- 1 висока ламба
Понудата треба да се достави најдоцна во рок од 5 (пет) дена од датумот на доставување на Барањето во која ќе биде наведен и рокот на испорака на производот.
Документите со назнака/предмет на пораката: Јавен повик за прибирање на понуди за набавка на потребна опрема за амбулантата за медикаментозен абортус можат да се достават електронски на: sanja.jordanoska@hera.org.mk
Избраниот понудувач ќе биде известен во електронска форма дека неговата понуда е прифатена, во рок од најмногу 3 работни дена од донесувањето на одлуката за избор на најповолната понуда. Во исто време, и сите други понудувачи ќе бидат известени за резултатите од повикот, односно за одлуката кој е најповолен понудувач.
За дополнителни прашања, обратете се на sanja.jordanoska@hera.org.mk